ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Владата и Мицкоски имаат двојни стандарди и за Отворен Балкан

November 26, 2024 08:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Она што граѓаните имаа можност да го видат на саемот во Белград како дел од Отворен Балкан е само уште едно срамно поткопување на ставовите кои Мицкоски и неговата партија гласно ги застапуваа додека беа во опозиција“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Оливер Спасовски пратеник на СДСМ и поранешен претседател на Влада и министер за внатрешни работи, коментирајќи ја дводневна посета на премиерот Христијан Мицкоски на Белград на саемот на вино, кој се организира во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

– Кога СДСМ ги усвои клучните закони за „Отворен Балкан“, обезбедувајќи слободен пазар на труд, отстранување на административните бариери и нови можности за граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија пратениците на ДПМНЕ не гласаа во македонското Собрание. Тоа беше случај и со Законот за слободен пристап до пазарот на труд и електронската идентификација кои отворија нови шанси за мобилност и економски развој во регионот. Со ратификувањето на овие договори се создаде законска можност граѓаните да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци. Големо олеснување се обезбеди и со договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации. Но тогаш, за ДПМНЕ тоа не беше важно и го сметаа за тема со која ќе ја напаѓаат СДСМ, вели Спасовки.

Кога сме кај нападите, додава тој, нивната тогашна најниска критика за саемот за вино беше дека се тоа „бахални лумпувања на владината делегација во Белград“.

– Денес власта го прави уште позасилено. Дури и гледавме дека во составот на делегацијата беа и директори на ниту еден начин не повзрано. Да сумирам, Отворен Балкан носи придобивки за граѓаните и тоа се покажува. Исто така се покажува и дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски имаат двојни стандарди и за оваа тема, како и за многу други теми. Тоа е политичка недоследност и непочитување кон граѓаните, подвлече тој.

Од друга страна и ДУИ ја обвинува ВРЕДИ за лицемерие поради иницијативата „Отворен Балкан“. Пратеничката на ДУИ, Арбана Пашоли, потсети на ставовите на лидерите на ВРЕДИ додека беа во опозиција.

– Пред не повеќе од 6 месеци го изјавуваа следното: Движењето Беса во тоа време ја обвини Владата на РСМ дека е учесник во Отворен Балкан, кој според Беса е српско-руски проект. Исто така, јавно прашуваме уште колку од вашите ставови ќе промените во текот на следните неколку месеци. Или поточно, дали ќе останете на ставот кој јавно сте го кажале. Колку можете да голтнете? Само со една цел, лични интереси и инаети, вели Арбана Пашоли, пратеничка на ДУИ.

На оваа тема зборуваше и вицеоремиерот од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити.

„Иницијативата Отворен Балкан не ја постигнала својата мисија и не е инклузивна иницијатива во која треба да се вклучи целиот регион“.

Премиерот Христијан Мицкоски, додека беше во опзоиција го критикуваше „Отворен Балкан“. Тој изјави дека иницијативата има многу недостатоци и за истата треба да се разговара со стратешките партнери. Во една прилика Мицкоски рече дека не ја разбирал суштината на проектот.

Но, по дводневната посета на Белград на саемот на вино, кој се организира во рамките на Отворен Балкан, Мицкоски изјави дека оваа иницијатива е платформа за поврзување на регионот со светот.

– Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака, порача Мицкоски.

Отворен Балкан е регионална иницијатива создадена од Северна Македонија, Србија и Албанија која е посветена на обезбедување услови за практикување на четирите европски слободи за што е можно повеќе граѓани и компании на Балканот. Отворен Балкан е засилувач на регионалната соработка и поврзаност кога станува збор за слободното движење на луѓе, капитал, стоки и услуги.

Дестан Јонузи

Tags: МицкоскиОтворен БалканСпасовски
Next Post

Без струја делови од Бутел, Карпош и Сарај

НАЈНОВО

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk