ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Иванов: Популизам и етно-популизам не е СДСМ, да не ја заборави својата иницијална идеолошка матрица

November 27, 2024 16:21
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичкиот аналитичар, новинар, и уредник на Нова ТВ – Зоран Иванов, смета дека СДСМ ќе мора „идеолошки“ повеќе да мисли на човекот, на граѓанинот, на неговото секојдневие, на средната класа за која практично постои и која не успеа да ја „инсталира“.

– Како и секоја политичка партија, посебно сега по неочекувано катастрофалниот пораз СДСМ ќе мора „идеолошки“ повеќе да мисли на човекот, на граѓанинот, на неговото секојдневие, на средната класа за која практично постои и која не успеа да ја „инсталира“. Но, од друга страна, ќе биде многу погубно за СДСМ ако заборави на своите иницијална идеолошка матрица. Ако се обиде, како што во изминативе неколку месеци во неколку наврати некако како, свесно, несвесно, веројатно од желба да се додвори до граѓаните, како да заигра на популизам па и на етно-популизам а тоа не е СДСМ, изјави Иванов за „Фронтлајн“.

Пред СДСМ, вели тој, е сега тешко време до нивниот нов конгрес догодина и до локалните избори.

– СДСМ никогаш не бил баш многу вешта со „теренот“ но овој пат ја има и таа шанса и таа потреба да стекне симпатии и со континуирани непосредни контакти со луѓето, но ова само доколку во името на СДСМ пред нив, пред граѓаните, се појават членови со дигнитет. Луѓе членови и нечленови реализирани, ценети и успешни или барем потенцијално успешни, како во своите професии и каде што работат, така и во средините каде што живеат. Ако новото партиско раководство низ тој критериум така не ги исселектира своите кадри, во тој случај нека не смета на поволни изборни резултати. СДСМ може да се крене до локалните избори барем толку колку со изборните резултати да прати порака дека не ѝ бега победата на наредните парламентарни. Од сегашна гледна точка времето не работи за новото раководство на СДСМ но затоа пак, новото раководство на СДСМ не треба ниту ден да не го губи времето до првите нови парламентарни, анализира тој.

Дестан Јонузи

Tags: Венко ФилипчеЗОРАН ИВАНОВКонгресСДСМ
Next Post

Саливен: САД ќе инсистираат на прекин на огнот и во Појасот Газа

НАЈНОВО

Две малолетнички тешко повредени, паднале од електричен тротинет

November 16, 2025

Убиена 79 годишна жена во Штип, убиецот ја закопал во дворот

November 16, 2025

Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

November 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ВИ актерка

    (ВИДЕО) Креаторката на контроверзната ВИ-актерка Тили Норвуд најави уште 40 дигитални ликови – Холивуд во паника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот го испразнивме од сите содржини и го претворивме во инструмент за самокамшикување!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откриената ДНК на Хитлер отвори голема етичка дебата – требаше ли да се проучува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Британија вози во лева лента, а речиси целиот свет во десна?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk