ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Часовникот на железничката станица

November 30, 2024 12:00
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, УМЕТНОСТ
Share on FacebookShare on Twitter

Тина Иванова, музиколог, продуцентка, писателка – секоја сабота на Фронтлајн.

ЧАСОВНИКОТ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА

Во возот се напластуваа некои чудни, ретки чувства, коишто чинам само таму и само тогаш ги искусив. Се родија и исчезнаа како надуван балон, случајно испуштен кон небото.

Возот запре на својата последна станица, а нашата залуденост ја наследија непознати патници. Но, тие почнаа да ги погребуваат нашите бакнежи на нечија туѓа земја, земја во која студот почнуваше да царува.

Како да го заборавам тој силен копнеж за да ми се врати домот, домот во мене? Домот со тебе, кој го создадовме во тоа старо купе, кое мирисаше на неиспрани завеси, зготвено месо и дим од евтини цигари.

Тој ден ме бакнуваше страстно, додека ушите ни ги галеше репетитивниот, халуцинирачки ритам кој удираше по шините небаре е луд ковач. Одвреме-навреме, беше испрекинат со звук на моќна труба, како ненадеен суетен солист желен за аплауз.

Тоа беше нашето ,,Болеро”, а ние несакајќи смисливме кореографија за танц кон смртта.

Danse macabre.

Таму, во тоа купе, загина нашата љубовна романса.

Се претопи со плачот на таткото кој го удави нашиот совршен свет во тој еден метар квадратен, во кој царуваше слободата.

Неговите сини очи, длабоко укотвени во староста, спроти нашите полни со радост, стрелаа со горчливи солзи и модри капилари кои врескаа меѓу длабоките, уморни бори.

Како да те сакав потоа, кога ме уништи трагичната слика на сиромавиот? Немав сила да љубам низ смртта на неговиот син. Крици на немоќ течеа низ неговите зборови, полни со чемер. Липаше во надеж за утеха, којашто ја бараше во нашите сплотени души, додека треморот на неговите дланки се нишаше во тоа lento темпо на железничката композиција.

Возот ненадејно застана во молк. Го зароби неподнослива тишина. Шините рѓосани веќе некое време се совршен амбиент за филмски сет. Остана само еден валкан вагон во кој скапува приказната за двајца мртви љубовници и ужасен крај на едно среќно семејство.

Украсен е со натпис испишан со бел спреј: ,,Скопје, кој воз сега ќе не однесе во нова есен?” Се прашувам, сега, чие срце силно ќе чука во исчекување на љубовта, ако не се слуша повеќе сирената на доаѓање и поаѓање?

Ако првата станица е раѓање, последната умирање, како помеѓу ќе можеме да гледаме прекрасни, шарени пејзажи со куќички покрај пруга коишто ќе не придружуваат во нови светови, ако тебе те нема? Секако старецот нема да пристигне кај својот син. Тој нема повеќе челични сништа. Неговите идеали се растопија во безнадежноста на празниот куфер и искинатата карта.

Часовникот на Железничката станица означува точно време на крајот на една приказна. Стрелките се замрзнати во часот кога и нашата љубов исчезна во возот на осаменоста, заедно со неизлечивите јадови на тажниот човек.

(Посветено на еден татко од Охрид, кој неодамна го загуби својот син)

#poetryisnotdead

„Поезијата е поблиску до вистината, отколку историјата, рекол Платон.

Пишувам поезија и проза за да ја разберам осаменоста. За да ја засилам љубовта и полесно да се доближам до смртта. И, за да ги уништам злобата и лицемерието што се случуваат пред моите очи.” – Тина Иванова.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Не е дозволено преземање без писмена дозвола од редакцијата.

Прочитајте и…

Викај УРА!

Tags: поезијаТина Иванова
Next Post

Разбојништво во продажен објект во градскиот парк во Скопје, уапсени две лица, СДСМ - Тошковски најнеспособниот министер во историјата

Shortcut

Најново

Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

„СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk