ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕУ изрази жалење поради одлуката на Грузија за запирање на пристапниот процес

December 2, 2024 09:26
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Фото: ЕНР/МИА

Фото: ЕНР/МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на владејачката партија Грузиски сон што ја соопшти премиерот Иракли Кобахидзе дека Грузија нема да продолжи со процесот на пристапни преговори со ЕУ и ја отфрла финансиската поддршка од Унијата до 2028 година, претставува промена на политиките на сите претходни грузиски влади во однос на европските аспирации на огромното мнозинство на грузискиот народ, се наведува во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и на еврокомесарката за проширување Марта Кос.

– Потсетуваме дека постапките на грузиските власти и демократското назадување доведоа до де факто запирање на процесот на пристапување (на Грузија) уште во јуни оваа година, како и дека финансиската помош од ЕУ директно намената за грузиските власти во моментов е во мирување, се наведува во изјавата на Калас и Кос.

Изразувајќи жалење поради ваквата одлука на властите, Калас и Кос посочуваат дека ЕУ жестоко го осудува насилството врз мирните демонстранти кои „уште еднаш излегоа на улиците за да ги потврди своите аспирации за влез во Европската Унија“ и кои „цврсто стојат на својата европска и демократска иднина“.

– Овие постапки на грузиската Влада имаат директни последици врз нашите односи. Грузиските власти мора да го почитуваат правото на слобода на собирање и слобода на изразување и да се воздржат од употреба на сила против мирните демонстранти, политичари и претставници на медиумите. Сите акти на насилство мора да бидат истражени и одговорните треба да одговараат, се наведува во изјавата.

Според Калас и Кос, ЕУ ја повторува својата сериозна загриженост за континуираното демократско назадување на земјата, вклучително и нерегуларностите што се случија во периодот пред и за време на неодамнешните парламентарни избори и во овој контекст, со нетрпение го очекува финалниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР и неговите препораки.

– ЕУ стои зад грузискиот народ и неговиот избор за европска иднина. Вратата за ЕУ останува отворена, а враќањето на Грузија кон европските вредности и пристапниот пат кон ЕУ е во рацете на грузиското раководство, нагласуваат Калас и Кос.

Tags: ГрузијаЕУ
Next Post

КФОР: Приштина бараше овластување за потенцијално испраќање безбедносни сили во северниот дел, но не дозволивме

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk