ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Оксфордски збор на годината е „затапување“ поради тривијалната употреба на социјалните мрежи

December 2, 2024 15:02
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Зборот на годината, кој го избра издавачката куќа Оксфорд, е „затапување“ (гниење на мозокот – brain rot), поради, како што се наведува во објаснувањето,бескрајното прелистување (скролање) на социјалните мрежи и користењето содржини кои го намалуваат интелектуалното ниво на луѓето, соопшти денеска британскиот универзитет Оксфорд.

Во изборот учествуваа над 37.000 лица, кои помогнаа овој збор да биде избран од скратената листа подготвена од Оксфордската издавачка куќа, пренесува британскиот „Гардијан“.

Терминот се дефинира како „наводно влошување на менталната или интелектуалната состојба на личноста, особено како резултат на прекумерна консумација на материјали – особено онлајн содржини – што се сметаат за тривијални или непредизвикувачки“.

Оксфордската издавачка куќа соопшти дека терминот добил нова важност во 2024 година, како симбол за загриженоста поради прекумерната изложеност на содржини со низок квалитет, посебно на социјалните мрежи.

„Затапувањето на умот е една од забележаните опасности на виртуелниот живот и начин на кој го користиме нашето слободно време“, изјави раководителот на уредништвото на Оксфордските речници, Каспер Гретвол.

Тој додаде дека не е изненадувачки што многу гласачи го прифатиле овој термин, поддржувајќи го како збор на годината. „Фасцинантно е што оваа фраза ја прифатија генерациите Z и Алфа – заедници кои во голема мера се одговорни за создавањето и користењето на дигиталната содржина на која терминот се однесува“, изјави Гретвол.

Next Post

Принцот Хари и Меган Маркл нема да им се придружат на остатокот од кралското семејство за Божиќ

EVN

НАЈНОВО

СДСМ: Мицкоски ја ангажирал израелската агенција „Black Cube“ за следење на опозицијата

April 18, 2026

ЗНМ бара максимална транспарентност при изборот на новото раководство на МРТ

April 18, 2026

Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

April 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Груевски меѓу застарените пресуди и 11 години затворска казна: Дали се подготвува за враќање или за ново бегство во Русија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис за 18 и 19 април 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски за Законот за високо образование: Мора да се работи за плата од 150.000 денари, не може без ниту еден научен труд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ испратиле писма до ЕУ по најавата од Мицкоски за „имам чувство”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вафик Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk