ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Хоџиќ: Одземањето на европската перспектива на државата автоматски го зголемува етничкиот јаз

December 5, 2024 11:35
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реториката на дел од партиите уште од предизборието, во која етничките Македонци се поттикнуваа да размислуваат дека Албанците имаат премногу власт и дека Македонците се народ од втор ред, како и пораките со слоганите „Македонија повторно твоја”, потоа и системското напаѓање на концептот на правична и соодветна застапеност, што е Уставна норма, која е резултат на Охридскиот рамковен мировен договор, придонесе да се создаде перцепција кај Албанците и немнозинските заедници дека национализмот на ДПМНЕ и ЗНАМ ќе се обиде да чепне во веќе остварените права на голем процент од населението, вели во изјава за „Фронтлајн“, Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија, зборувајќи за тоа дали и зошто партиите не/треба да полемизираат на тема дестабилизација.

– Одговорите на сето ова, кои секако беа за очекување, од албанскиот политички фактор, кој има и моќ и механизам да се спротистави на оваа перцепција, дополнително ја зовријаа атмосферата, затоа што политичкиот одговор во јавноста од ДУИ и ВЛЕН исто така содржеше одредени националистички пораки од кои кај етничките Македонци служеа за подигнување на спиралата на национализмот и потврда на создаваната перцепција дека Албанците сакаат доминација. После изборите ВЛЕН се повлече од ветените позиции и влезе во власта со ДПМНЕ и ЗНАМ, вели претседателот на СДА Македонија.

Ако го додадете, вели тој, препукувањето со национализам помеѓу партнерите во власта ЗНАМ и ВЛЕН кое трае со месеци, најавите за чепкање во правичната и соодветна застапеност како и албанскиот јазик е директен извор на контаминирање на општеството со национализам и подгревање на етничките тензии.

– Уште еден фактор сериозно влијае на поттикнување на тензиите, а тоа е внатрешната блокада на европските интеграции на државата. Одземањето на европската перспектива на државата автоматски го зголемува етничкиот јаз помеѓу Македонците од една страна и Албанците и немнозинските заедници од друга страна. Овие случувања ја забрзуваат потребата на опозицијата што побрзо да почне да соработува помеѓу себе и да понуди концепт кој е природен за државата, а тоа е држава рамноправна за сите нејзини граѓани, без разлика на нивната етничка и верска определба, а и да понуди на власта и јавноста што побрзо откочување на европските интеграции, кои ќе помогнат да направиме модерна и демократски развиена држава, нагласи нашиот соговорник.

Во спротивно, подвлече Хоџиќ – опозицијата ќе влезе во стапица која сме ја гледале претходно, а најдобар пример за тоа е 2012 и 2013-та година кога збунетата опозиција, предводена од Бранко Црвенковски кој тогаш нѐ повикуваше на протести на улица против режимот на Груевски, а потоа со диктаторот Груевски правеше коалиција за локалните избори во Кичево и Струга против дел од своите граѓани.

– ВМРО -ДПМНЕ и тогаш и сега посакува етничко партнерство со опозицијата, зошто таа тогаш ја губи својата смисла на постење и игра на терен непознат за неа, а ДПМНЕ во услови на подигната етничка атмосфера без проблем ја дели власта со партнерот кај Албанците кој исто така го оградува и зацврстува своето гласачко тело. Секако, цената ја плаќаат граѓаните и државата. Дозволете на крај јавно да го осудам палењето од страна на неколкумина на државното и сите други знамиња како еден нецивилизациски чин. И да упатам порака дека секој обид на укинувањето на веќе остварените права, власта државата свесно ја внесува во дестабилизација, истакна Хоџиќ.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУмеѓуетнички односиЏелал Хоџиќ

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

May 18, 2025
Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk