„Со гласање за интерпелациите, опозицијата ќе докаже дека не поддржува нарушување на меѓуетничките односи. И обратно“, вели во изјава за „Фронтлајн“, Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија, зборувајќи за актуелните политички збиднувања во државата.
– Впрочем ВМРО-ДПМНЕ и Владата со месеци гради атмосфера на дестабилизација и бара виновник во опозицијата. За тоа време Мицкоски се обидува националната политика да ја сведе на етно-партиски договор, а Филипче на малцински партнер во неа. Перформансите на (челниците) на МВР и до крајот на ноември секако се доволна основа за барање нивно разрешување. Истото се однесува на Министерството за етнички заедници. Нивното отсуство во превенцијата на настаните, објаснува дека Владата не е „изненадена” туку вградена во влошувањето на меѓуетничките односи. Девучиќевизацијата на националната политика во Северна Македонија започнува со координирана опозициска политика, истакна Величковски.
Дестан Јонузи