Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, денеска соопшти дека го информирал Северноатлантскиот совет за случувањата во дијалогот меѓу Белград и Приштина и ја истакнал важноста од одличната соработка меѓу ЕУ и НАТО за регионалната стабилност.
Лајчак на социјалната мрежа Х изјави дека имал вредни разговори со заменик генералниот секретар на НАТО Радмила Шекеринска и со сите амбасадори.
„Го информирав Северноатлантскиот совет за случувањата во дијалогот Косово-Србија. Ја истакнав важноста на нашата одлична соработка ЕУ-НАТО за регионалната стабилност. Благодарам на Шекеринска и на сите амбасадори за вредната дискусија и на словачкиот амбасадор Марек Варга за поканата“, наведе Лајчак на социјални мрежи.