Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека неговата земја очекува привремената влада во Сирија да преземе „исправни чекори“ и дека нема да има закана за нејзините соседи.
Ова турскиот претседател го изјавил во телефонскиот разговор со претседавачот на Суверениот совет на Судан, Абдел Фатах Ал Бурхан, во кој меѓудругото станало збор и за билатералните односи, регионалните и глобалните процеси, пренесуваат руските меидуми.
Ердоган смета дека сирискиот народ е дојден до фазата кога самиот ќе ја одредува својата иднина по 13-годишната хуманитарна криза.
Според него, Турција ќе обезбеди поддршка за да се осигура дека „привремената влада ќе ги преземе вистинските чекори за да му служи на сирискиот народ и да не претставува закана за нејзините соседи“