ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Во Прилеп се зголемува семејното насилство, жртви се и децата

December 13, 2024 17:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Се зголемува бројот на пријави за семејно насилство во Прилеп, а загрижуваат податоците дека е зголемена бројот каде жртви на насилство се децата, констатираат од прилепскиот Центар за социјални работи. Од Центарот нагласуваат дека не треба да се работи само 16 дена кога е активизмот против родово базираното насилство, туку континуирано 365 дена во годината. Годинава има пријави за семејно насилство врз шест деца на возраст од пет до 12 години.

Семејното насилство за жал стана секојдневие во модерното живее а ако споредиме од работата на Центарот и добиените пријави од претходната година и тековната 2024 година, бројот на пријави добиени во Центарот е зголемен и до овој момент има 84 пријави не сметајќи ги пријавите заведени како поплаки. За жал оваа година зголемен е бројот каде жртви на семејно насилство се јавуваат децата, но од друга страна е добро што е развиена свеста за препознавање на насилството врз децата од другите институции и зголемена е меѓуинституционалната соработка за надминување на овој проблем, изјави на денешната прес-конференција Јасминка Митреска, раководител на Одделение и социјален работник во прилепскиот Центар за социјални работи.

Реален предизвик и она на што треба да се даде фокус е подигнувањето на свеста за сексуалното вознемирување, демнењето и контролирачкото однесување како родови форми на насилство и нивното влијание врз благосостојбата и развојот на младите жени и девојки, со оглед дека имаме ниска стапка на обвиненија и истрага за овие дела, а за жал кај жртвите не постои препознавање и бројот на вакви пријави е многу мал.

Многу е мала примената на мерката отстранување од домот на насилникот како итна мерка која е во надлежност и должност на другите институции, а се изрекува во текот на 12 часа од пријава на насилството, со што се зголемува стравот и неизвесноста кај жртвите бидејќи се доведуваат во ситуација наместо тој што го предизвикува насилството да биде отстранет, жртвата е принудена да го напушти домот и да се смести било во семејство на блиски роднини или во соодветен шелтер центар, објаснува правничката Тања Тренкоска Алексоска.

Во Прилеп нема Шелтер центар за сместување, па се користат Шелтер центрите од другите градови. Недоставува и советувалиште за жртви, а за стручните лица во Центарот има големи закани и малтретирања. Потребни се и обуки.

-Соочени сме со закани, навреди, заплашување, лични освети, нанесување штети на личен имот, закани кон фамилија и семејство, изложување на ризик посебно кога треба да ја извадиш жртвата од домот и да и обезбедиш соодветно сместување. Постои наше емоционално и професионално согорување, бидејќи недоставуваат соодветни обуки, психосоцијална поддршка, како и недостаток на стручен кадар во центрите општо, вели Ангела Чавкоска Симоноски, психолог во Центарот за социјални работи.

Next Post

Од утре почнува автобуски превоз Тетово-Попова Шапка-Тетово

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk