ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Тошковски: Откриената ќелија на ИСИС планирала терористички акт на цивилни цели или т.н. меки цели на јавни објекти

December 16, 2024 19:02
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Откриената терористичка група, ќелија на ИСИС, формирана од четири лица, а во која членувале и други засега непознати лица, планирала терористички акт на цивилни цели и јавни објекти, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Тошковски посочи дека секторот за борба против тероризам на 15 декември до Основното јавно обвинтелство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против четири лица од Гостивар и Струга, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Терористичка организација од чл.394-а од КЗ.

– Првопријавниот на почетокот на 2024 година создал терористичко-злосторничка организација во која членуваат и останатите лица, како и уште неколку засега непознати лица. Сите заедно формирале терористичка организација, ќелија со основи на идеолошката матрица на познатата терористичка организација ИСИС, со намера на изведување на терористички акт на цивилни или т.н. меки цели, односно јавни објекти на територија на Република Северна Македонија. Првосомничениот во почетокот на 2024 година формирал повеќе групи на социјалната мрежа Telegram каде искажувал целосна подготвеност и намера за извршување на терористички напад, како и поттикнување на други лица за извршување на терористички напади во Европа. Во групите споделувал претходно набавен и преработен – преведен пропаганден материјал на ИСИС, регрутирајќи нови членови, правејќи обиди за набавка на огнено оружје, како и споделувајќи упатства за изработка на импровизирани експлозивни направи кои што потоа ќе бидат искористени за извршување на терористички напади, рече Тошковски.

Прашан за терористичката организација, Тошковски изјави дека нивната интенцијата била да и нанесат болка на Македонија и на македонските граѓани.

– Имаме голем број докази за тоа и тие лица се во притвор. И во иднина јасно, прецизно и соодветно ќе одговориме на сите останати кои ќе се обидат на ваков начин да влезат во одредени терористички организации, кои ќе сакаат да нанесат болка како на македонските граѓани, така и на било кои други граѓани во било која држава. Има основани сомненија дека сакале да делуваат не само во Македонија, туку и надвор од Македонија, рече Тошковски.

Претходно Основното јавно обвинителство на Република Северна Македонија информираше дека и со оглед на кривичното дело што им се става на товар, околностите, како и фактот дека се исполнети условите за определување на мерката притвор, јавниот обвинител на судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје денеска му предложи на осомничените да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена.

Next Post

ОЈО бара притвор за Груби и Бајрами

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk