ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Премиера на куклената претстава Музика на мојата птица/Музиката на мојот допир

December 18, 2024 11:29
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На сцената на Н.У. Театар за деца и младинци, денеска премиерно ќе биде изведена новата куклена претстава Музика на мојата птица/Музиката на мојот допир, работена по мотивите од романот на Ана Анисимова, а во режија и драматизација на гостинката од Србија, Емилија Мрдаковиќ.

– Ова е приказна за необичното детство на едно слепо девојче, раскажана во нејзино име, во која нема трагедија, туку љубов кон животот. Приказна за среќата и способноста да се создаде среќа, деликатна, нежна, длабока и полна со љубов. Се прикажува животот на едно семејство кое знае да биде среќно. Семејство во кое слепото девојче не се чувствува различно. Благодарение на нејзиното семејство полно со љубов, таа живее исполнет живот, нејзините родители прават сè за да ја направат среќна, а нејзината среќа и прави и нив среќни, вели режисерката Мрдаковиќ.

Драматург на претставата и преводот на македонски јазик го направи Драгана Лукан Николоски, која ќе забележи: „Ова е една адаптација на прозно дело која нема класична драматуршка структура. Во драмската предлошка е свесно и намерно изоставен конфликтот на главниот лик со надворешниот свет, со намера да се долови хармонијата во внатрешниот живот на едно девојче, за кое општеството смета дека на некој начин е посиромашно од останатите деца, бидејќи не е во можност визуелно да ја доживее средината во која живее.“

Во претставата играат Матеа Јанковска, Ана Левајковиќ Бошков, Мартин Јорданоски и Владимир Лазовски. Идејното решение за сценографијата, куклите и костимите е на Адриана Добрева, композитор е Алексеј Мрдаковиќ, а дизајнот на промотивниот материјал на Бранкица Јордановска.

Реперизата е закажана за 19 декември 2024. Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за кутлура и туризам, како дел од годишната програма од национален интерес.

Tags: куклена претставаТеатар за деца и младинци
Next Post

Прием на пет нови членови во Друштвото на писателите на Македонија

EVN

НАЈНОВО

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис – 17 април 2026

April 17, 2026
онкологија

Цаневска: Два месеци недостасуваат клучни лекови, системот во колапс

April 16, 2026

(ФОТО) Силни пораки од протестот на културните работници: Многу лоша улога Министре

April 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп објави слика со Исус додека конфликтот со папата Лео продолжува да ескалира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анис – 15 април

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ и Маѓар за „заеднички кум“ и „Турски тек“ во вербална војна веднаш по изборите во Унгарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новото лого на Мадона покажува дека кралицата на попот сè уште може да предизвика контроверзии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk