ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Промоција на романот „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска во издание на „Или-Или“

December 18, 2024 11:26
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Галерија-МКЦ вечер од 19 часот ќе биде промовиран романот „Леска Брезоска“ од Симона Јованоска во издание на „Или-Или“.

„Леска Брезоска“ е втор роман на Јованоска по нејзиниот дебитантски „Денот на црвот“ со кој ја освои престижната награда „Роман на годината“ за 2021 година.

Издавачката куќа информира дека романот е составен од меѓусебно испреплетени животни приказни „сочинувајќи една кохерентна и заокружена целина, а милјето во коешто се одвиваат е македонската општествена реалност од последниве децении“.

-Приказната се одвива во Гостивар и во Скопје и ја следи животната патека на  главната хероина од нејзиното детство, првите игри, детските трауми, другарувања, откривањето на сексуалноста, соочувањето со етничките тензии и немири па се до влегувањето во светот на возрасните и судирот со комплексните животни околности и борбата за нивното надминување, соопшти „Или-Или“.

Симона Јованоска (1985, Гостивар) завршила Економски факултет во Скопје, отсек маркетинг. Во 2015 година ја објавила дебитантската книга раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на „Или-Или“.

Во 2019 година ја добила втората награда на конкурсот на дневниот весник „Нова Македонија“ за расказот „Последниот кат“, а во 2022 година е првонаградена за расказот „Кажи му на кучето“.

Дебитантскиот роман „Денот на црвот“, кој пред три години беше прогласен за „Роман на годината“  од Фондацијата „Славко Јаневски“, е преведен на бугарски, српски и хрватски јазик.

Во 2022 година, во издание на „Чудна шума“, Јованоска ја објавила книгата за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави“.

Промоцијата на новиот роман „Леска Брезоска“ вечер ќе се одвива низ разговор на авторката и уредникот на „Или-Или“, Ненад Стевовиќ.

Tags: Или-ИлиЛеска БрезоскаСимона Јованоска
Next Post

Премиера на куклената претстава Музика на мојата птица/Музиката на мојот допир

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk