ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Позиција на Бугарија не е променета вели Главчев, според Мицкоски секој што отвора тема за идентитетските прашања не му мисли добро на соседот

December 19, 2024 15:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На премиерот Христијан Мицкоски вчера му порачав дека треба да се намали „острината на изјавите“, пред се од македонска страна, бидејќи, како што знаете, Бугарија „ништо и не кажува“, изјави денеска  шефот на бугарската техничка Влада, Димитар Главчев во Брисел, каде учествува на Самитот на ЕУ.

– Јазикот на омразата не треба да продолжи. Можеме да водиме секакви дијалози, но нашата позиција не е променета, рече Главчев.

Според него, иако нема промена на бугарската позиција, сепак е добро да се почне да се разговара за европските односи со добар европски тон, каков што треба да се користи меѓу држава членка и кандидат за членство во Европската Унија.

Запрашан на кој јазик разговарале со Мицкоски, Главчев одговори дека тој зборувал на бугарски, додека ќе треба да го прашаат македонскиот премиер „на кој јазик говори“.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека „секој кој ќе отвори тема за идентитетските прашања не мисли добро на соседот, а уште помалку ги почитува европските вредности. Во двата договора стои дека земјите-членки треба безусловно да нè поддржуваат. Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат, рече Мицкоски.

Мицкоски, кој во Брисел учествуваше на Самитот ЕУ – Западен Балкан, во интервју за МТВ истакна дека билатералната соработка е клучна кога се зборува за економска соработка, туризам, размената на know-how вештини, образованието и.т.н. и оти тука тој процес има додадена вредност.

– Доколку билатералните разговори и преговори се донесуваат на идентитетските прашања, тогаш тука тој процес никако не може да заврши успешно, бидејќи е поврзан со емоцијата, а не со рационалното. Секој оној процес којшто е поврзан со емоцијата не може да биде процес којшто ќе се темели на напредок, на квалитет и на испорака на резултати. Затоа, замолив емотивните билатерални прашања да ги оставиме на страна и да ги читаме правилно договорите. И двата договора велат дека земјите-членки коишто се втора страна, во едниот Грција, во другиот Бугарија, треба безусловно да нè поддржуваат. Никаде во Договорот за добрососедство не стои делот којшто нас нè обврзува на уставни измени. Потребно е правилно да ги гледаме работите, на вистината да ѝ погледнеме во очи, а не онака нас како што ни одговара, изјави премиерот Мицкоски.

Вели дека билатерална соработка треба да има онаму каде што има рацио, додека билатерална соработка каде што има идентитетски прашања не доаѓа в предвид.

Tags: ГлавчевМицкоски
Next Post

Бесплатен превоз за граѓаните на Куманово во првите шест месеци од 2025

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk