Најмалку 100 Севернокорејци распоредени да ги поддржат руските воени напори во Украина се убиени од почетокот на борбите во декември, изјави јужнокорејскиот пратеник Ли Сеонг-квеун, јавија западни медиуми.
-Во декември тие (севернокорејските трупи) се вклучија во вистинска борба, при што имаше најмалку 100 жртви, рече Ли, говорејќи по брифингот на јужнокорејската разузнавачка агенција. „Националната разузнавачка служба исто така извести дека бројот на повредени се очекува да е речиси 1.000“.
И покрај тие загуби, агенцијата, исто така, соопшти дека открила знаци дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се подготвува да обучи нови сили за специјални операции за напад врз бродови.
Пратеникот додаде дека „неколку севернокорејски жртви“ веќе се припишуваат на украински ракетни и беспилотни напади и несреќи при обука, со највисок ранг „барем на ниво на генерал“.
-Во рамките на руската војска, наводно се појавиле поплаки дека севернокорејските трупи, поради недостаток на знаење за беспилотните летала, се повеќе товар отколку предност, рече Ли.
Неговите коментари следуваат изјавата на висок американски воен функционер кој во вторникот рече дека севернокорејските сили претрпеле „неколку стотици“ жртви борејќи се против украинските војници во рускиот регион Курск.