Има сомненија кои укажуваат дека има сличности и има некакви врски со бегството на Никола Груевски и Артан Груби. Во кулоарите се зборува дека одредени функционери од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои што се споменува и името на Сашо Мијалков, дека наводно тој му возвратил помош на Артан Груби затоа што он заедно со судијата припомогна да застари предметите „Таргет“ и „Тврдина“, вели во својата анализа за „Фронтлајн“, Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР.
Тој, лично не очекува дека Артан Груби ќе се врати во Република Македонија, затоа што не е само тоа основано сомнение, има и други основани сомненија со многу пари.
Нема да се врати, ќе ja има истата судбина како што нa времето го имавме со Драган Даравелски, директорот на Царина, нагласи тој.
– Има некои основани сомненија кои укажуваат дека има сличности и има некакви врски со бегството на Никола Груевски. И помагањето, затоа што и тогаш не се расчисти кој како и по кој основ му помогна на Никола Груевски за да ја напушти Република Македонија, и ако нели ја презентираме и трасата преку и како се движел, така и овде во конкретниот случај Република Македонија располага само со сознанија дека е отиден во Косово. Дали е на Косово или продолжи со своето патување надвор од Косово кон Албанија, Црна Кора или Хрватска? Немаме никаков друг оперативен податок во меѓувреме, и затоа се распиша меѓународната потерница, вели Ѓурчевски за „Фронтлајн“.
Како ќе биде резултатот од потрагата, додава тој, треба да видиме, затоа што Интерпол има обврски да ја известува Македонија, што не значи дека не е исклучена можност некоја од државите да му даде азил.
– Исто како и на Груевски, па да не можеме да го добиеме, па да имаме проблеми со екстрадиција и така натака. Значи, се е во игра, никој не може точно да кажува, ние правиме анализи, кажуваме, се повикуваме на меѓународна соработка, меѓународна правна помош, затоа што сите земјите се подписници на тие договори, дека имаат обврска да соработуваат, ама никој немаме механизам како да ги присилиме да соработуваат. Ајде некој нека ја присили Унгарија да го испорача Груевски? Се шушка, има исто така индиција дека Артан Груби имал и албанско државјанство, а ако нема – може да се случи Албанија да му даде нивно државјанство, и да не го испорачува, анализира тој.
Според него, овде станува збор за една дипломатска помош. Значи, овде, званично, човек, консул со дипломатски иммунитет, му помага во спрега со полициски службеници, против кои што се водат постапки. Во случајот на Груевски, таква ситуација немавме.
– Значи, немавме постапки против полициски службеници, не знаме како ја напуштаат границата, а овде веќе се знаат. Овде веќе се знае, имаме дипломатска помош, има пропусти на полициските службеници, така да, малку е по-различно, но има сличност и има помагање, дури во кулоарите се зборува дека одредени функционери од претходната власт на ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои што се споменува и името на Сашо Мијалков, дека наводно тој му возвратил помош на Артан Груби затоа што он заедно со судијата припомогна да застари предметите „Таргет“ и „Тврдина“. Лично не очекувам дека ќе се врати во Република Македонија, затоа што не е само тоа основано сомнение, има и други основани сомненија со многу пари. Нема да се врати, ќе ja има истата судбина како што нa времето го имавме со Драган Даравелски, директорот на Царина. Тој си отседна во Србија, седеше таму долги години, додека не застареа делата, кога застареа делата, си дојде. И впрочен, затоа предходната власт ги направи тие измени на кривичниот закон за застарување на кривичните дела за злоупотреба на службена положба, анализира Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР.
Нашиот соговорник потенцира дека овие кривични дела кај Артан Груби би застареле од 3 до 10 години, тоа судот во постапката ќе го утврди. Мислам дека има доволно капитал направено, доволно и преку доволно, за да си се грижат и за семејството и самите да се грижат некаде, да си платат, да не бидат испорачени.
– Но тоа е математиката, пресметката, кога се пресметуваат, иначе сум убеден дека многу мали се шансите дека тој ќе биде вратен или екстрадиран од било каде, каде ќе му дадат петички азил, наведува тој.
Од друга страна, потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова за бегството на Артан Груби вели дека одговорноста треба да си ја сноси МВР и Тошковски.
– Ова не е прв случај и летото имаше случај на бегство преку границата. Затоа тука е МВР да подигне кривична пријава, судската власт, извршната власт. За бегството одговорноста треба да си ја сноси МВР, рече Шукова.
Таа се осврна и на партизацијата во институциите, велејќи дека секој би бил среќен ако новата влада работи на принципи кои ги очекуваа сите граѓани, да се бори за правда, за намалување на корупцијата и криминалот, меѓутоа, деновиве јавноста на големо бруи за партизацијата која ја спроведува оваа власт во сите институции.
– Еве да го земеме предвид сè уште нерасчистениот пример за директорот на АНБ, Бојан Христовски. Потоа имаме членови на судски совети кои доаѓаат од редовите на ДПМНЕ. Еден случај ја бранува јавноста неколку недели, и на јавноста не и се дава одговор зошто некој кој ги нема документите, а на таква висока позиција. Граѓаните не го добиваат она што се надеваа а гледаме силна партизација во клучните сектори, рече потпреседателката на СДСМ, Каја Шукова.
Арсим Папранику е бизнисменот кој со своето возило и дипломатските таблички го превезол Артан Груби до Косово непосредно пред почетокот на полициската акција.
Груби, кон Косово патувал под дипломатски превез со познатиот и успешен бизнисмен во регионот од Македонија, Арсим Папранику кој пак, во 2018-та е именуван за почесен конзул на Република Косово во Република Македонија. Папранику е сопственик на Нептун а инвестираше и во изградбата на Ист Гејт Мол.
Минатиот недела, Груби беше „закачен“ на црната листа на САД. Според Стејт департментот, тој и Апелациониот судија Енвер Беџети биле вмешани во корупција за да го спасат поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков од затвор.
МВР ги бара Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами со меѓународни потерници за финансиски малверзации тешки 501 милион денари. Двајцата се надвор од државата.
Дестан Јонузи