ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

ЈП Водовод и Канализација Скопје со оптимистичка прогноза: Санацијата ќе заврши во предвидениот рок

December 21, 2024 12:30
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје

Фото: ЈП „Водовод и Канализација“ - Скопје

Share on FacebookShare on Twitter

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје. Како што посочуваат, операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа.

Акцијата започна денеска во раните утрински часови кога сите екипи на Секторите ЕОК, Механизација и Водовод отпочнаа со празнење на магистралниот водовод на предвидените локации.

-Операција се движи во рамки на предвиденото и очекувано е да заврши во предвидениот рок со вкупно време од помалку од 15 часа, во кои најмногу време се одвојува за празнење и полнење на магистралниот водовод. Полнењето веќе е започнато и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа, велат од претпријатието.

Оттаму посочуваат дека со оваа модернизација се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода.

Тие информираат дека со затварање на главниот градски цевковод Ф1600мм по должина на линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до раскрсницата на булевар „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“, нивниот тим ги заврши интервенциите

По должина на траса по Партизанска од кружен тек Ѓорче Петров до хотел Карпош каде се променети 5 воздушни вентили и 5 затварачи за истите на Ф200 поврзани на цевководот Ф1600.

-Реконструиран е затварач Ф700 на булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“. Променет е затварачот на  Ф400 на кружниот тек Порта Влае. Реконструиран е затварач Ф600 на мостот Обединети Нации. Реконструиран е затварач Ф500 на ул. Никола Парапунов, соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје.

Како што информираат, во овој момент во фаза на завршување е последната постапката за реконструкција на затварач Ф700 на улицата „Никола Парапунов“, која се изведува независно од останатите и за која не е неопходно затворање на главниот довод.

Од претпријатието нагласуваат дека согласно Оперативниот План за санација на затварачите на градска водоводна линија Ф1600мм, Сектор Водовод со ангажирани повеќе од 160 стручно вработени меѓу кои ВКВ водоинсталатери, инженери, оперстори и возачи на специјални возила, ВКВ автомеханичари, ВКВ машинобравари, ВКВ механичари, ВКВ електричари, работници за дијагностика на дефекти и техничари кои ка вршат работата на терен и уште толку административни лица заедно со директорот ги подготовија и завршуваат согласно планот за постапување со механизација, алат и пумпи.

-Во време кога половина населени места во Македонија токму поради ненавремена санација на водоводите со денови и недели граѓаните немаат вода, а особено во летните месеци, нашиот, согласно сложен детален оперативен план, успешно го решава еден од критичните децениски проблеми со кој воедно се подобрува водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби на вода, велат од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје..

Тие апелираат до сите јавни чинители да ги поддржат нивните вработени во оваа акција која бара високо ниво на стручност и техничка подготвеност, а воедно и до јавноста да не потпаѓа под изнесувањето информации од нестручни лица со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните.

Tags: ВодаСкопје
Next Post

Обвинителството ги истражува причините за смртта на професорот Кожухаров, декан на Економски факултет Скопје

Shortcut

Најново

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ со награда во Ерусалим и европска премиера во Сараево

July 28, 2026
Прес конференција на СДСМ во Скопје со партиски знамиња во позадина

СДСМ тврди дека тврдењата на Мицкоски за заемот од јавните претпријатија се демантирани

July 28, 2026

Мицкоски од Илинден: Македонија е едно големо градилиште со над 1.200 проекти, најавен и трет повик за општините

July 28, 2026

Осум заболени од западнонилска треска во земјава, вирусот се шири и низ Европа

July 27, 2026
Парно греење (фото извор: Викимедиа)

Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

July 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Вештачење од 2024 година: Мазутот од РКМ не предизвикал загадување, а ТЕЦ Неготино ѝ заштедила милиони на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk