Бројот на загинати во авионска несреќа во Јужна Кореја порасна на 176, според локалните пожарникари и спасувачки службеници, во најголемата воздушна катастрофа во земјата во последните децении, пренесува Си-Ен-Ен.
На снимката се гледа како авионот се лизга на трупот пред да се запали. Локалните пожарникари и воздухопловните експерти велат дека е веројатно некаков дефект на опремата за слетување. Пилотот, исто така, упати повик за опасност, веднаш откако контролната кула предупреди за птиците во областа.
Две лица се извлечени од урнатините, и двајцата членови на екипажот. Сепак, спасувачите предупредија дека не очекуваат да најдат уште многу преживеани од пеколот.
Авионот Џеџу Ер превезувал 175 патници и шест членови на екипажот кога несреќно слета на аеродромот во округот Муан. Сите во авионот биле јужнокорејци, освен двајца тајландски државјани.
Авионот, наведен како Боинг 737-800 на FlightAware, патувал од Бангкок, Тајланд. Аналитичарите велат дека и Боинг 787-800 и Jeju Air, најголемата јужнокорејска нискобуџетна авиокомпанија, имаат силно безбедносно досие.
Истрагата за причината за падот на јужнокорејскиот авион може да потрае до три години, соопштија јужнокорејските власти.
Истрагата за комерцијални летови може да трае од шест месеци до три години. Имајќи предвид дека авионот е произведен надвор од Јужна Кореја, истражителите ќе треба да се консултираат со производителите на главните делови на авионот, што може да значи дека истрагата трае долго, се вели во извештајот.
Ј. Ѓ.