ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Брисел се подготвува за (безбеден) дочек на Новата 2025 година

December 31, 2024 09:49
in ДЕНЕС, СВЕТ
Andréa Villiers/Unsplash

Andréa Villiers/Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

Неколку десетици илјади луѓе се очекува вечерва да се соберат на неколку локации во Брисел за да ја пречекаат Новата 2025 година.

Централната прослава на новогодишниот дочек оваа година ќе се одржи кај една од најпознатите бриселски атракции Атомиумот, од каде ќе биде лансиран и овогодишниот официјален огномет.

При дочекот на Новата 2024 година на платото пред Кралската палата во Брисел, каде лани се одржа централната прослава, се собраа околу 55.000 луѓе.

Покрај пред Кралската палата и во блискиот централен Парк, традиционално прослави ќе има и на плоштадот Гран плаз и на уште неколку локации во Брисел.

Во услови на зголемени тензии на глобално ниво, како и по нападот на божиќниот панаѓур во германскиот град Магдебург на 20 декември, бриселските власти преземаат различни мерки на претпазливост за да обезбедат непречено и безбедно прославување на новогодишната ноќ.

Според генералната директорка на Управата за превенција и безбедност на Брисел, Софи Лаво, во соработка со службите за безбедност и за итни случаи, се е темелно подготвено за да се осигура безбедноста на граѓаните за време на прославите на новогодишната ноќ.

За таа цел е активиран и Регионалниот кризен центар, чија задача е да обезбеди поддршка на полициските службеници, координација на службите за итни случаи и анализа на информациите и состојбите во реално време.

Кризниот центар во Брисел вообичаено се активира за време на важни самити на ЕУ или на НАТО, во услови на терористичка закана, при можни големи несреќи или елементарни непогоди, како и пред протести или спортски и културни настани од масовен карактер.

По терористичкиот напад во Брисел на 16 октомври 2023 година, кога беа убиени двајца шведски фудбалски навивачи, нивото на ризик од тероризам во градот беше зголемено на трет степен од можните четири, што значи „можна и веројатна закана за напад“.

Како дел од безбедносните мерки, за сообраќај ќе бидат затворени неколку улици околу Атомиумот, а ќе бидат вршени и претреси на лицата кои ќе влегуваат на просторот предвиден за прославата, при што, според најавите, ќе бидат одземани кеси, стаклени шишиња, лименки, пиротехнички материјал и други предмети со кои можат да се нанесат повреди.

Покрај ова, полициските сили се подготвуваат за евентуално насилство од помал обем или физички пресметки. При ланскиот пречек на Новата година, бриселската полиција уапси 206 лица поради нарушување на јавниот ред и мир, а противпожарната служба во текот на ноќта имаше 663 интервенции, вклучително и гаснење на опожарени возила, скутери и објекти.

Минатата година беа регистрирани и неколку случаи на напади со пиротехника на припадници на органите на редот и на службите за итни случаи, поради што годинава власите забранија употреба на петарди и останати пиротехнички материјали, вклучително и организирање приватни огномети.

– Поседувањето, транспортот и употребата на петарди и огномети е забрането во Регионот на Брисел, за да се гарантира безбедноста на сите и да се намали ризикот од инциденти, порача Лаво.

Вакви забрани беа воведувани и во минатото, но тоа не ја исклучи употребата на петарди и други пиротехнички материјали.

За одржување на редот и мирот во Брисел во градот ќе бидат распоредени и дополнителни полициски припадници од други градови, а Федералната полиција на своите бриселски колеги на располагање им стави дел од својата опрема, вклучително и дронови и водени топови.

Покрај регионалните власти, превентивни безбедносни мерки презедоа и некои бриселски општини. Така, Општината Андерлехт воведе полициски час во населбата Курегем, која граничи со централниот дел на Брисел во кој се наоѓа плоштадот Гран Плаз и која последниве три децении има историја на насилни протести и нереди. Согласно оваа одлука, на млади лица под 16-годишна возраст им се забранува да се наоѓаат на улиците вечерва по 19 часот. Ваквата одлука наиде на жестоки реакции и осуди, но локалните власти се правдаа дека нејзина цел е да се спречат нереди.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пуштени во употреба првите 20 километри од автопатот Кичево – Охрид, власта се фали за својата посветеност и работа

July 13, 2025

(ВИДЕО) Римац Невера Р постави 24 светски рекорди, станува најбрзиот електричен автомобил досега

July 13, 2025

Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

July 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двојно убиство и самоубиство во Прилеп, убиецот ги убил внукот од сестра и неговиот син, па се самоубил

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чупеска за Фронтлајн: Власта ја занемарува интеркултурната комуникација и ги продлабочува поделбите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk