ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Бегаат од правдата, завршуваат во луксузен живот!

January 14, 2025 14:21
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, КРИМИНАЛ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Полицијата бара со меѓународна потрага над 100 државјани на Северна Македонија, против кои се распишани меѓународни потерници. Тие се обвинети за тешки кривични дела убиство, педофилија, трговија со луѓе, дрога, злоупотреба на службена должност, кражба на државен имот итн.

На списокот на барани со меѓународни потерници има и лица по кои полицијата трага 20 години, но на кои не успеале да им стават лисици. Иако е „јавна тајна“ дека локацијата на некои од нив ја знае не само полицијата на Северна Македонија и Интерпол, туку и секој обичен граѓанин.

Неодамна, на листата на лица барани со меѓународна потерница се додадени и подземни криминални групи – таа на Герчец на чело со Шевал Муареми, познат во јавноста како 007 Америка и Беланца на чело со Тоте Ајети.

Муареми сега живее луксузен живот во Дубаи и оттаму се огласи дека се чувствува невин, додека дел од групата Беланоца заедно со нивниот водач се зад решетки во затвор.

По нив, на листата на барани со меѓународна потерница се додадени поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами. Тие се обвинети за злоупотреба на пари од државниот буџет во износ од 8,1 милион евра.

Министерствиото за внатрешни работи на 31 декември распиша меѓународна потерница и за поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски. Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР. Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.353-в, ст.2 вв ст.1 од КЗ на РСМ, се наведува во потерницата.

За злоупотреба на службена должност со потерница се бара и поранешниот премиер Никола Груевски, кој добил статус на азилант од неговиот политички другар премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Меѓу обвинетите за убиство, по кои полицијата трага повеќе од 20 години, е и Ацо Боцевки, познат како Аце Циганот од Скопје. Прекарот „Аце Циганот“ го добил по насилна интервенција во дискотеката „Хард рок“ во Скопје, додека полицијата го бара со меѓународна потерница за убиството на албанскиот бизнисмен Сеад Ибрахими од Драчево во Скопје. Според информациите, Боцевски го извршил убиството откако бил брутално претепан од Ибрахими.

Исто така, по убиството на албанскиот бизнисмен – уште една неофицијална верзија која кружи во јавноста е дека тогашната влада му должела пари на Ибрахим, за набавката што ја направил на МВР со мотори донесени од Швајцарија. Боцевски на 30 јуни 1998 година беше осуден на 15 години затвор, а по затворањето – мистериозно беше ослободен и успеа да ја напушти државата.

Правникот Ќенан Алиу вели дека вообичаено светот на криминалот е испреплетен со политиката.

– Понекогаш се совпаѓа меѓународните потерници за криминалните кланови и за политичарите, но не е изненадувачки. Сепак, некои кривични дела не се секогаш директно поврзани со политиката, се случува да се обични кривични дела дури и од различни мотиви кои не се совпаѓаат со политиката, изјави Алиу за „Фронтлајн“.

Според статистиката на МВР, над 90 отсто од бараните со меѓународна потерница имаат македонско државјанство, додека 10 отсто имаат и друго, странско државјанство. Како што е случајот со Гампер Волфганг од Виена, Австрија, кој е обвинет по член 353 од Кривичниот законик на Македонија за кривични дела сторени на територијата на Република Македонија.

Меѓу бараните со меѓународна потерница има и 10 државјани на Македонија за кражби извршени во Хрватска, но има и обвинети кои извршиле тешки кражби во Германија, Словенија, Америка, Албанија итн.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: криминалМВРполитикапотерници

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk