ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Граѓаните ја чувствуваат тежината од лошите економски политики на Владата

January 17, 2025 08:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политиките на Мицкоски и ДПМНЕ го срозија животниот стандард, граѓаните ја чувствуваат тежината од лошите економски политики на Мицкоски. Владините мерки доживеаја дебакл, продолжија ценовните шокови, трошоците за живот растат а платите стагнираат. Власта не покажува интерес за заштита на стандардот на граѓаните, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, синоќа во Штип, каде што заедно со потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, присуствуваа на конференцијата за избор на нов Претседател, членови на Изборен и Надзорен одбор на општинската организација на СДСМ во Штип.

-За овие речиси седум месеци на власт, Мицкоски и ДПМНЕ покажаа тотална неспособност и незаинтересираност да се справи со економските предизциви ниту пак да креира мерки во интерес на граѓаните. Владата не ја заштити куповната моќ на граѓаните, напротив дозволи „грабеж“ пред нејзините очи, деститици милиони евра да се одлеат од џебовите на граѓаните.  Недозволиво е богатење на грбот на граѓаните, а токму тоа се случи, големите трговци се збогатија, кошниците на граѓаните останаа празни,  рече Филипче.

При тоа Филипче посочи дека власта не само што не покажа интерес за продолжување на добрите економски политики на СДСМ благодарение на кои платите во континуитет растеа седум години по ред, туку ги одби и предлозите на СДСМ за укинување на ДДВ за прехранбените производи и за раст на минималната плата.

-Власта ги одбива нашите предлози само поради инает и ароганција иако тоа беа добри и конкретни политики кои ќе го подобреа животниот стандард на македонските семејства. СДСМ секогаш ќе биде на страната на граѓаните и нема да отстапиме од политиките кои гарантираат подобрување на животот на секој граѓанин, рече Филипче.

Претседателот Филипче порача дека СДСМ не е веќе истата партија од пред изборите, се интензивираат теренските активности и средбите со членовите на партијата, се слуша гласот на секој член и партијата јакне секојдневно.

Next Post

Весна Петрушевска и Ана Дурловски во Комисијата за одликувања и признанија именувани од Сиљановска

Shortcut

Најново

Прием по повод отворање на Сараевскиот филмски фестивал (SFF), 14 август 2026 (фото извор: Obala Art Centar)

Блесок и ангажирана уметност: Преглед на 32-то издание на Сараевскиот филмски фестивал

August 18, 2026

Поскапуваат горивата: Дизелот од полноќ се зголемува за 6,5 денари, бензините за 4,5

August 17, 2026

Борозан: Зошто се крие документот за водата во Гостивар и кој гарантира дека е безбедна?

August 17, 2026

Мисајловски на свечен собир по повод Денот на Армијата: Работиме на повисоки плати и подобри услови за вработените

August 17, 2026
Wild Fire - photos by Vecteezy

Огнено лето 2026: Екстремни пожари и климатски промени

August 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk