Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пол Анри Спак, белгиски министер за надворешни работи, инаку, вујко или чичко на Кетрин Спак, мојата омилена глумица од младоста, изјавил дека Белгијците, Французите и Холанѓаните, во војната научиле да веруваат дека нивна домољубна должност е да мамат, лажат, водат црна берза, оцрнуваат и пљачкаат и дека по пет години тие навики добро се вкорениле.
За разлика од тие стари европски народи, Македонците во војната го везеа гобленот на идната држава и нација и во уметноста на создавањето се изградија во луѓе кои во еден нестварен подвиг од македонската пустелија за десетина години направија пристојно место за модерно живеење.
Но, демократијата не можеа да ја издржат како што на почетокот го издржаа сиромаштвото.
Се полажаа по коската на вмро и на митот за славните манекени, ебачи, кокошкари и убијци и стигнаа пред целта кај што ќе се претворат во тоа што беа:
Во ништо.
Од фаворите на европската надворешна политика станавме земја во која се оди само по казна.
Како Француска Гвајана.
А лидерите на балканската политичка лепрозност се примаат само ако нема друго решение и со бројни карантински мерки, речиси исклучиво на колективни собиранки, кај што не можат да не го викнат Мицко, а да не признаат дека Македонија ја избришале од картата на државите, народите и културите.
Да, да, Француска Гвајана на Анри Шарие (Папијон со Стив Мек Квин и Дастин Хофман).
Се сеќавате, не!
Вмро ги има впрегнато Македонците во проект во кој треба да докажат дека еволуцијата ги создала во времето кога имала висока температура и болна менструација.
Скопје 2014 и сè што допрела долгата рака на оваа злосторничка инсталација, ги потврдува нивните тези и проекции.
Јас мислам дека и металните пари со кои синоќа беа гаѓани холандските ракометари, им биле дадени на навивачите во комитската академија за карикатуризирање на Македонците, со се александриските шлемови со кокоти за самоподјебавање и дека не беа фрлани како резултат на некоја природна возбуда туку, по задача, имено, како нов доказ за потеклото на видот од болните грчеви на еволуцијата.
Не знам дали го видовте вип салонот на тежеве возот од Куманово до Бељаковце и, особено, одбраните патници. Имам две теории: или вагонот им е конфискуван на децата од Зимзолендот пред Хотелот „Русија” или е некој стар пајтон со кој Власите на Михајло од Калин камен оделе на бричење во Куманово.
Товарните вагони на култната пруга Брчко-Бановиќи (1946) во однос на новиот воз (2025ј биле Фор сизн амбиент, особено за говеда со болни колена.
Пругата во БиХ почнала да се гради во мај 46, малку порано од почетокот на изградбата на пругата кон Бугарија (хахаха), а 67.000 бригадири ги завршиле тие 92 километра во ноември истата година.
!!!
Кога ќе биде завршена пругата кон Бугарија не се знае, понеже благонадежните бригадири шишаат овци на Нов Зеланд и во Острелија., ја пеат Заветна и мислат дали со едно крцнување можат да си го отсечат вратот.
Или, макар, курот, демек да немаат деца што ќе го наследат нивното проклетство!
Но, не е само тоа.
Тоа што Холанѓаните, по кои нашиве маваа сношти и нивните комшии од Франција и Белгија станале такви какви што го опишува Сепак во време на војна, е многу поразлична работа од подвигот на Македонците кои станаа такви во мирно време, во време во кое вмро им го разбуди “патриотскиот дух” и ги пушти од моралниот синџир да прават зло и да веруваат во злото како поведение кое татковината го очекува од нив: прости, глупи, корумпирани, грабежливи, измамници и жртви на измамата, да мамат, лажат, веруваат во лаги и да крадат.
Да се размакедончуваат!
Тие дозволија да бидат така обучени, а потоа и децата да си ги испраќаат во вморонските унии на младите сили за да и се одмаздат на Македонија која, така ги учеа, била многу мала и многу комунистичка, односно неправедна и дури злосторничка кон борците за целокупна Македонија.
Тие ќе ја правеле грејт агеин!
Хахаха!
Социјалдемократите гледаат како вмороните ја колат Македонија и се трудат да бидат пристојни упатувајки забелешки (амандмани) дека ножот на комитите е толку рѓосан што може да предизвика тешка инфекција кај прикланата.
Наместо тоа морализирање јас им предлагам и на нив и на сите нас да станеме од масата, понеже свињата сме сите ние, и да им го начукаме ќосевскиот нож на кољачите у г’з.
Како рекол Џери Адамс: не е убаво да се убива, но понекогаш тоа е нужно!
И уште нешто!
Бовоарско:
„Одмаздата е бесмислена, но на некои луѓе не им е местото во светот кој сакаме да го создадеме!”
Нема да им се одмаздуваме на вмороните.
Ова со Адамс е чиста стилска експресија.
Само треба да ги оставиме во нивниот свет.
На станицата во Бељаковце.
Како пицајзли.
А ние да продолжиме кон Брисел.