ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Намален е бројот на жалби до Советот за етика во медиумите на Македонија

January 21, 2025 16:27
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

За една третина се намалиле жалбите до Комисијата за жалбите на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), или во 2024 година пристигнале вкупно 84, беше истакнато на денешната прес-конференција на СЕММ. Претседателката на СЕММ, Билјана Георгиевска рече дека бројките покажуваат оти помалку граѓани во 2024 година имале порив да поднесат жалба до Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) за несоодветни содржини во медиумите.

-Бројките покажуваат дека најголем дел од жалбите се однесуваат на онлајн медиумите, колку и да се лутат сопствениците на онлјан медиумите. Бројките покажуваат дека и понатаму најголем предизвик за новинарите претставува членот број 1 од Кодексот на новинарите на Македонија, односно точно, балансирано и проверено известување, информации и факти, проверени од што е можно повеќе страни, најмалку уште една или какошто велиме втората страна, вели Георгиевска.

Таа истакна дека на второ место е прекршувањето на членот 10, односно ширење на говор на омраза.

-Тоа не значи дека колегите во медиумите пишуваат содржини во своите текстови, кои можат да се толкуваат како говор на омраза. Туку не секогаш ги модерираат коментарите на социјалните мрежи, што е еден од проблемите кој се провлекува неколку години, рече Георгиевска.

Претседателката на Комисијата за жалби при СЕММ, Снежана Трпевска смета дека бројките на жалби кои пристигнале до нив не е одраз на реалната состојба, но сепак е индикација за видовите на прекршување што најчесто ги прават медиумите.

-Од вкупниот примен број на жалби за 25 не сме започнале постапка, бидејќи за дел не сме биле надлежни како Комисија, а за некои други жалби подносителот во дополнителната проверка не ја потврдил жалбата, или се предомислил. Но, во секој случај 25 жалби дополнително пристигнале до Комисијата. Значи Комисијата започнала постапка за вкупно 59 жалби, од кои пет завршиле со помирување меѓу жалителот и медиумот, а во 21 жалба утврдила дека нема прекршување, во 33 медиумите направиле едно или повеќе прекршувања на Кодексот или на насоките за етичко известување, изјави Трпевска.

Посочува дека во 56% од жалбите, односно предметите имаат утврдено некакво прекршување, доминираат онлајн медиумите, а телевизиите и радијата кои се подложни на законска регулација се повеќе свесни за можните прекршувања и затоа и помалку ги прават. Во 2024 година има повеќе жалби од носителите на јавни фукнции, а повеќе жалби се од локалната власт во Скопје. Претседателката на СЕММ, Георгиевска рече дека новинарите во овие случаи велат дека немаат навремени информации од локалната власт.

-Кога постои нерамнотежа можеби повнимателно треба да ги следиме овие случаи и да видиме каков тек ќе имаат. Има уште нешто необично оваа година добиваме се повеќе лажни жалби од лица кои лажно се претставуваат, ги користат дури и јавните институции со високо значење, како МАНУ, како Уставниот суд, сега имаме од наводно највисоката позиција во државата. Меѓутоа ние се уште не знаеме како тоа да го решиме, како да постапуваме. Јасно е дека некој го злоупотребува Советот за етика можеби за некои свои цели. Во иднина ќе се обидеме да побараме помош и да утврдиме од каде потекнуваат овие лажни пријави, рече Георгиевска.

Леунора Калиќи претседателка на Управниот одбор на СЕММ истакна дека треба новинарската фела да биде горда на ова тело, како и на работата на Комисијата за жалби при СЕММ и на сите кои го подржуваат процесот на саморегулацијата.

-Како новинарска фела покажуваме дека сме способни да бидеме самокритични, што е основа за кредибилитет и интегритет во нашата работа, да се биде самокритечен е да се препознае одговорноста кон јавноста, но и да се демонстрира и посветеност кон професионалните и етички стандарди. Статистиките коишто ќе ги презентираме денеска не се само бројки, тие се индикатор на тоа како работи, како дејствува и каков е медиумскиот пејзаж во нашата земја, вели Калиќи.

Таа истакна дека сепак бројките на официјални поплаки не ја опишуваат реалната слика на терен, бидејќи дел од прекршувањата не се и официјално регистрирани. Калиќи смета дека намалениот број на поплаки може да се објаснат со активностите околу изборниот процес и другите општествени процеси. Но, какошто вели медиумите не остануваат рамнодушни на одлуките на Комисијата за жалби, а едно од жалбите на СЕММ е решавање на одлуките преку медијација,  а која е какошто вели важен инструмент за корекција и соработка наместо за конфротација.

Tags: СЕММ
Next Post

СДСМ: Скандал во СОЗР, роднини на Томовски дел од тендер вреден 3,5 милиони евра

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk