ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Кабранов: Партиите се борат едни против други како две „племиња“, а не по иделогија!

January 23, 2025 11:50
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ацо Кабранов

Ацо Кабранов

Share on FacebookShare on Twitter

„Во Македонија најчесто се гласа по етничка линија. Висок е процентот на граѓани кои се декларирале како членови на политички партии, а дури третина од нив на ланските избори учествувале на собири или јавни настани организирани од политичка партија. Жените и младите се помалку вклучени во политичките процеси“, покажува Компаративното истражување на изборните системи (КИИС) во кое учествуваа Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (ИСППИ-УКИМ), во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и Програмата за поддршка на изборите во Северна Македонија (ИФЕС).

Политичкиот аналитичар и долгогодишен новинар Ацо Кабранов вели дека за Албанците да гласаат за македонски партии и обратно уште долго време нема да се случи.

– Албанците да гласаат за Македонски партии и обратно тоа уште долго ќе биде така и нема да се рефлектира на гласање по идеологија. Тоа што мал дел од Албанците гласаа и почнаа да членуваат во СДСМ на последните избори и по нив, ВМРО-ДПМНЕ го сруши и тотално ги одвои едните од другите како две племиња кои се борат едни против други. Таа тактика ја прифати и ДУИ и сега на политичката сцена имаме борба за жал меѓу Македонците и Албанците. ВЛЕН за ова игра се „недораснати“, тие во овој период за да бидат во власт гледаат што повеќе да му се удвараат на Мицкоски. но за лични интереси а не за релаксирани меѓуетнички односи, изјави Кабранов за Фронтлајн.

Сега, додава нашиот соговорник, шансата граѓаните да гласаат по етничка основа е забетонирано, додека шансите за гласање по идеолошка основа се уништени и веројатно така ќе биде уште долго време, особено со оваа власт.

– Во име на добрите односи меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се сведуваат на пазарџиски однос, а не за водење на Македонија како мултиетничко општество, додава тој.

Од партиите на Македонците, само две имаат гласачко тело меѓу граѓаните Албанци и припадници на други етнички заедници, а истражувањето покажува дека Македонци не гласаат за партиите на Албанците.

Истражувањето јасно покажува дека нашата земја е меѓу оние со најбројни членства во политички партии во Европа. Според податоците од истражувањето 13,3 проценти од испитаниците кажале дека се членови на партии, што не е многу помалку од 2017 година кога било 13,6 проценти. Просекот во ЕУ, како што беше истакнато е 3 до 5 проценти. Врз основа на овие податоци секој седми граѓанин кај нас е член на политичка партија.

Жените и младите се помалку вклучени во политичките процеси, а врз основа на истражувањето младите на возраст од 18 до 24 година се помалку заинтересирани за партиско инволвирање.

На прашањето дали на сите избори гласате за иста партија, 37,4 % од испитаниците одговориле потврдно, 29,8 % дека на повеќето избори гласаат за истата партија, 25,3 % дека гласаат за различна партија додека 1,1% дека никогаш не гласа.

За претседателските избори најмногу испитаници одговориле дека причина за избор на претседателски кандидат е затоа што сметале дека тој/таа за него била најдобра (37,8%), а потоа следува одговорот дека тоа е поради партијата која ја поддржува (34,87%). За парламентарните избори најмногу од Македонците (34%) одговориле дека за одредена партија или коалиција гласале поради програмата на партијата, додека кај Албанците доминира (35) довербата во раководството на партијата.

Како главна причини за апстиненција граѓаните наведуваат дека не ги интересираат изборите и политиката (36%) и оти им е сеедно која партија ќе победи бидејќи сите се исти (30,2%). Кај граѓаните до 34 години најмногу доминираат овие два одговори.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИизбориистражувањеСДСМ
Next Post

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да каже кои се компаниите од САД кои Мицкоски ги убедил да инвестираат во Македонија

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk