САД и Колумбија вчера за малку избегнаа трговска војна, откако претседателот на Колумбија, Густаво Петрои претседателот Трамп се скараа околу депортацијата на колумбиските мигранти од САД.
Доцна синоќа Петро отстапи и се согласи да ги прими сите депортирани од САД, вклучително и оние во воени авиони. Трамп се закани дека ќе воведе големи тарифи и голем број други казни како одговор на најавата на Петро дека ги вратил воените авиони што превезувале депортирани во Колумбија, објави Си-ен-ен, пренесува ЦИВИЛ Медиа.
Во вчерашното соопштение, Белата куќа рече дека Петро се согласил со сите нејзини услови. Се вели дека тарифите и санкциите ќе бидат „задржани во резерва“ и дека другите казни ќе останат во сила сè додека првиот авион со депортирани лица не пристигне во Колумбија. Колумбиското Министерство за надворешни работи, исто така, објави соопштение, во кое се вели дека ќе прифати летови за депортација и ќе „гарантира достоинствени услови“ за Колумбијците во авионот.
Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа