ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Полска сака да го забрза проширувањето на ЕУ кон Исток и кон Западниот Балкан

January 28, 2025 16:32
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Проширувањето на Европската Унија е од клучно значење и Полското претседателство сака да го забрза овој процес и во правец кон Исток, кон Украина и Молдавија и кон Западниот Балкан, порача полскиот министер за ЕУ, Адам Шлапка од денешното заседание на Советот за општи работи на блокот во Брисел.

– Полското претседателство доаѓа во турбулентни времиња. Ризиците се реални, така што нашите обврски се сериозни. Со другите министри во овој Совет на ЕУ напорно ќе работиме на проширувањето и на односите ЕУ-Велика Британија и ќе ги започнеме разговорите за повеќегодишниот буџет на ЕУ, додаде Шлапка.

На состанокот, Шлапка ги претставил приоритети на Полското претседателство во областите во надлежност на Советот за општи работи, по што министрите или државните секретари за европски прашање на земјите членки на ЕУ размениле мислења за состојбата со владеењето на правото во Унгарија, Португалија, Романија и Словенија.

Примерен приоритет на полското претседавање е зајакнување на европската безбедност во седум димензии – надворешната, внатрешната, кибер, економската, енергетската, прехранбената и здравствена.

Во овој контекст, Полското претседателство како свои приоритети ги утврди одбраната и безбедноста, заштитата на луѓето и границите, спротивставувањето на странското мешање и ширењето дезинформации, гарантирањето на безбедност и слобода на бизнисот, спроведувањето на енергетска транзиција, изградбата на конкурентно и прилагодливо земјоделство и обезбедувањето здравствена сигурност.

Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ пристигнаа во Луксембург утрово за Советот за општи работи на кој сите очекуваат одлука за првата меѓувладина конференција со Северна Ма

Во делот на надлежностите на Советот за општи работи, работата на Полското претседателство ќе се фокусира на заштитата на владеењето на правото, проширувањето на ЕУ и внатрешните реформи, спротивставувањето на странските манипулации и мешања, зајакнувањето на демократската отпорност на ЕУ и нејзиното соседство, развојот на соработката со Велика Британија и воспоставувањето основа за преговорите за новата Повеќегодишна финансиска рамка за периодот 2028-2034 година.

Во рамки на дијалог за владеење на правото членовите на Советот имале опсежна размена на мислења за состојбата во оваа сфера во Унгарија, Португалија, Романија и Словенија, при што претставници на Европската комисија ги презентирале главните наоди од нејзиниот Извештај за владеење на правото за 2024 година.

По ова, претставници на секоја од четирите земји ги презентирале нивните ставови во однос на владеење на правото, за потоа да уследи круг на коментари и прашања од делегациите на останатите членки, кои ги споделиле своите искуства и најдобри практики во однос на споменатите прашања.

Следниот дијалог за владеење на правото предвидено е да се одржи на заседанието на Советот за општи работи на 27 мај годинава, при што фокусот ќе биде на состојбите во Словачка, Финска, Шведска и Белгија.

Покрај ова, француските претставници на состанокот го покренале прашањето за интегритетот на изборните процеси во Европа во контекст на растечката закана од странско мешање, а чешките презентирале нон-пејпер за потребата од „понатамошно унапредување на постепената интеграција на Украина и Молдавија во единствениот пазар на ЕУ“.

Tags: Европска УнијаЗападен БалканПолска
Next Post

Саудиска Арабија подготвена да му плати на Винисиус милијарда евра

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk