ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

(ВИДЕО) Кузмановиќ: Прилеп нема мерни станици да го измерат енормното загадување на воздухот

January 30, 2025 12:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неспособната и неодговорна локална власт на ДПМНЕ ги труе граѓаните на Прилеп! Со денови наназад, аерозагадувањето во градот е видливо со голо око. Екстремно загадениот воздух штипи и на очи, и на нос, и на грло. И додека во останатите градови кои ги мачи истиот проблем, градоначалниците бараат решенија за справување со загадениот воздух, на Борче Јовчески такво нешто не му паѓа на крај на памет, на прес-конференција истакна Ивона Кузманович, членка на советот на Општина Прилеп од редовите на СДСМ.

Таа нагласи дека за градоначалникот Јовчески и за ВМРО-ДПМНЕ прилепчани немаат проблем со загадувањето, бидејќи мерните станици не покажуваат такво нешто. А не покажуваат бидејќи ги нема!

„Прилеп е единствениот град во Македонија кој нема мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот, заради што не знаеме колкав е степенот на неговата загаденост. Но она што го знаеме е дека дишиме канцероген воздух, дека загадениот воздух секоја година одзема се’ поголем број животи и дека власта на ДПМНЕ, како на централно така и на локално ниво, ниту има намера ниту пак знае како да се справи со проблемот. Впрочем, Јовчески и ДПМНЕ ниту еднаш не проговорија на оваа тема и не покажаа грижа за здравјето на прилепчани. За тоа зборува и фактот дека не успеаја да ги реализираат средствата во висина од 1,5 милиони евра кои Владата на СДСМ ги оддели за изградба на фабрика за рециклирање на отпад и што дозволија ѓубриштето кај Алинци да гори и дополнително да загадува дури и во зима. Ама чадот од депонијата не стасува до Австрија, каде градоначалникот Јовчески деновиве ги полни белите дробови со чист воздух. Истовремено, не смееме да заборавиме дека Ана Лашкоска е заменичка на министерот за животна средина. И што има направено таа за заштита и подобрување на животната средина на прилепчани? Баш ништо, или малку помалку од тоа! Господа од ДПМНЕ, прилепчани можеби ќе ви простат што градот е во темница. Што дупките по улиците прераснаа во кратери. Што орди кучиња демнат зад секој агол. Што ве изненади снегот во јануари. Што дивото градење доживува процут. Што градот го претворивте во паланка. Ама тоа што сте опасни по нивното здравје, што ги загрозувате нивните животи – сигурно нема да ви го простат!“, истакна Кузмановиќ

Tags: загадувањеИвона Кузмановичмерни станициПрилеп
Next Post
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите тргнаа пеш од Белград кон Нови Сад: Не е тешка нашата прошетка, туку 12 години под овој режим

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk