Студентите на белградските факултети во блокадата околу 10:30 часот започнаа пешачење од Белград до Нови Сад со цел да им дадат поддршка на своите колеги од Нови Сад во блокирањето на сите три моста во тој град, по повод три месеци од трагедијата кај железничката станица во Нови Сад во која загинаа 15 лица, пишува Н1.
„Не е мала прошетка, но јас лично и сите околу мене сме подготвени. Одиме водени од идејата и желбата за слобода. Мислам дека ќе биде лесна прошетка за сите“, изјави Петар, студент на Правен факултет, за Н1.
Студентите споделија дека се спремни со вреќи за спиење, чорапи, храна и слично.
„Одиме до крај, одиме до победа, одиме до слобода“, вели еден од студентите за Н1.
На прашањето што би значела за нив таа победа на 1 февруари во Нови Сад, тој одговара:
„За мене, пред се, победата би била конечно исполнување на сите овие барања. Тоа за мене би било победа, а за мене би било победа доколку во Нови Сад дојдат што повеќе луѓе. Mожно е да се обединат, да доаѓаат луѓе од цела Србија и едноставно овој генерален штрајк се повеќе ќе се шири“.
Студентие како се движат низ улиците пречекувани се од граѓани кои ги поздравуваат и им аплаудираат.
Граѓаните велат дека се таму да ги поддржат студентите. Еден од граѓаните вели дека му налетале солзи.
„За мене ова е величествена, емотивна, апсолутна поддршка“, вели граѓанинот за Н1.
View this post on Instagram
Студентите ги повикаа граѓаните кои се заинтересирани да им се придружат, со сопствена организација на потребните ресурси.
Преземено од НоваТВ