ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВЛЕН со ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ сами, ДУИ без партнер во македонскиот политички табор – почна „треската“ за локалните избори

February 3, 2025 12:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичките партии ги започнаа подготовките за локалните избори. Од СДСМ велат дека веќе работат на нивната агенда и „назначени се сите раководители на општинските организации и консолидирана е структурата внатре во партијата“.

Демократската унија за интеграција реагира по неодамнешната изјава на лидерот на Демократското движење дел од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, кој рече дека коалицијата ВЛЕН ќе соработува со ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори. Од ДУИ велат дека разликата меѓу нив и ВЛЕН е во тоа што тие ја добиваат власта од народот, а ВЛЕН од другите.

– Неодамнешните изјави за таканаречената „взаемна поддршка“ со ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори не се ништо повеќе од очајнички обид да се создаде илузија на сила каде што нема ниту поддршка, ниту легитимитет. Реалноста е јасна: не можат да победат во ниедна трка без туѓа помош, бидејќи Албанците веќе ги отфрлија, велат од ДУИ.

Од друга страна од ВЛЕН велат дека ДУИ не може да се справи со загубата и затоа ги прашуваат дали тие и Мијалков подготвуваат сценарио за инциденти на локалните избори.

– Секој што ја потцени интелигенцијата на Албанците, зажали, порано или подоцна. Бидејќи ова арогантно, корумпирано и заробено раководство на ДУИ продолжува да ја игнорира волјата на мнозинството Албанци, наскоро ќе добие жестока казна. Нивната желба да бидат на власт по секоја цена ќе резултира со референдум против нив на локалните избори, соопштија од коалицијата ВЛЕН.

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски смета дека коалицијата ВЛЕН беше губитник во т.н албански политички блок, и нормално е да бараат ,,помош“, од својот поголем коалициски брат во очите на ВМРО-ДПМНЕ, особено ако сакаат да ги задржат градоначалничките места во Тетово, Гостивар и Чаир. Од друга страна, додава тој, на ВМРО-ДПМНЕ и покрај тоа што е апсолутен фаворит на претстојните локални избори, нема да му дојдат лошо гласови од етничките албански гласачи на ВЛЕН во сите меѓуетнички општини

Лидерот на СДСМ Венко Филипче вели дека нема да коалицираат со ДУИ и демантира дека имало било какви разговори со оваа партија за локалните избори.

– Научивме една многу сериозна лекција од коалицирањето со ДУИ. Многу работи ни се удрија од глава и тоа морам да бидам искрен и да го признаеме. Дистанцата е нешто што природно дојде, како барање на членството, но и како чувство и емоција кон коалиција која не беше принципиелна, изјави Филипче.

Вели дека во иднина СДСМ ќе формира само принципиелни коалиции, засновани на взаемна почит и заеднички вредности.

Најголрмата владеачка партија ВМРО ДПМНЕ овој месец ќе ја започне процедурата со интерни анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

Дестан Јонузи

Tags: ВЛЕНВМРО-ДПМНЕДУИЛокални избори 2025СДСМ
Next Post

Јовановиќ за ЦИВИЛ Медиа: Мицкоски нема врска со реалноста, синдикалната кошничка не ја правам ниту јас, ниту Тевдовски, ниту Поповски, туку ја прави синдикатот

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk