ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Албанезе: Планот на Трамп за Газа е незаконски, неморален и целосно апсурден

February 5, 2025 16:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за окупација на Појасот Газа и раселување на неговото население е „незаконски и целосно апсурден“, изјави денеска специјалната известителката на ОН за палестинските територии Франческа Албанезе.

-Тоа што тој (Трамп) го предлага е целосно апсурдно, рече известителката  за време на посетата на Копенхаген.

Трамп вчера рече дека сака да ја преземе контролата врз разурнатиот од војна Појас Газа и повтори дека неговите жители можат да одат да живеат во Јордан или Египет, и покрај противењето на тие земји и самите Палестинци.

-Тоа е незаконско, неморално и неодговорно. Целосно е неодговорно бидејќи ќе ја влоши регионалната криза, рече Албанезе, која ги повтори обвинувањата за израелски геноцид во Газа.

„Предлогот на Трамп е поттикнување на принудно раселување, што е меѓународно злосторство“, рече таа.

-Во контекст на геноцид, тоа ќе го зголеми соучесништвото во злосторствата извршени од Израел во последните 15 месеци и претходно, рече известителката на ОН за палестинските територии.

Според неа, предлогот на Трамп може да предизвика „паника низ светот, бидејќи последиците се огромни“.

Високиот комесар за човекови права на ОН, Волкер Турк, денеска во Женева изјави дека какво било присилно префрлање или протерување на населението од окупираната територија е строго забрането.

-Секое присилно преместување или протерување на лица од окупираната територија е строго забрането, рече Турк и потсети дека „правото на самоопределување е основен принцип на меѓународното право и тоа право мора да биде заштитено од сите држави“.

Tags: АлбанезеГазапланТрамп
Next Post

Бериша ќе бара од администрацијата на Трамп да ја укине одлуката за „персона нон грата“ во САД

Shortcut

Најново

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

Филипче: Намалена воената помош од САД, поради криминалната власт, Македонија ја губи довербата

September 18, 2026

Пријави за стаорци во Буњаковец, од општина Центар велат дека направиле сѐ што треба

September 18, 2026

„Амазон веб сервисис“ планира дата-центар кај Кожани, Грција

September 18, 2026

САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk