ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Курти фаворит, но со поглед за поддршка кон Харадинај и гласачите од Македонија со двојно државјанство

February 5, 2025 15:45
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

В недела на 9 февруари во Косово се одржуваат парламентарни избори. Право на глас имаат вкупно 2 милиони 75 илјади 868 гласачи.

Според податоците на косовската Централна изборна комисија (ЦИК), бројот на граѓани со право на глас на избирачките места во Косово е еден милион, 970 илјади и 944 гласачи, додека бројот на граѓани кои се пријавени за гласање надвор од Косово е 104 илјади и 924 гласачи. Но, колку македонски државјани со двојно државјанство имаат право да гласаат на изборите на 9 февруари во Косово?

Од ЦИК за Фронтлајн информираат дека немаат бројка на државјани на Севрна Македонија со двојно државјанство, бидејќи не ги идентификуваат гласачите на тој начин.

„Не, ние не ги идентификувавме на тој начин“, изјави за Фронтлајн Валмир Елези, портпарол на Централната изборна комисија на Косово.

Но, тој ги сподели со нас бројките на граѓани кои ќе гласаат во амбасадата на Косово и на оние кои ќе гласаат по пошта (гласачи регистрирани во странство).

„165 е вкупниот број, во кој се вклучени и гласачите регистрирани за гласање по пошта. Во меѓувреме, во Косовската дипломатска мисија во Скопје ќе гласаат 55 гласачи“, рече Елези.

Но, во Македонија многу е поголем бројот на граѓани кои на денот на изборите ја преминуваат границата со Косово и имаат право на глас поради двојното државјанство.

Според неофицијални податоци, брифирани од експоненти на политичките партии во земјава, бројот на потенцијални гласачи со државјанство од Северна Македонија кои гласаат во Косово може да биде уште поголем, бидејќи повеќето од оние кои имаат и косовско државјанство гласаат директно во Косово.

Гласачките центри во косовските дипломатски претставништва за изборите за Собрание на Косово, кои ќе се одржат на 9 февруари 2025 година, според Централната изборна комисија се во следните земји: Австралија, Австрија, Белгија, Чешка, Данска, Франција, Германија, Холандија, Унгарија, Италија, Канада, Хрватска, САД, Црна Гора, Северна Македонија…

Нано Ружин

Нано Ружин, универзитетски професор и поранешен амбасадор во НАТО, вели дека иако актуелниот премиер на Косово, Албин Курти е фаворит, трката ќе биде интересна.

– Во секоја демократска земја, изборите се еден вид отворен простор за политички промени, за победи или на опозицијата, или на партијата или на коалицијата, ако е на власт. Според моите сознанија, партијата на Курти е фаворит, но се претпоставува дека таа нема да има доволен број гласови во парламентот за да создаде еднопартиска влада. Се очекува дека оваа партија може да биде победник, но најверојатно ќе треба да влезе коалиција со друга политичка партија. Се претпоставува дека тоа е партијата на Рамуш Харадинај, така што во овој миг многу е тешко да се каже дека ќе дојде до смена на власта, но дека партијата на Курти има најголеми можности да добие најголем број седишта во парламентот, а понатаму евентуално да направи коалициона влада со некоја од помалите политички партии, изјави Ружин за Фронтлајн.

На изборите на 9 февруари на Косово се натпреваруваат вкупно 27 политички партии. Од нив, 19 се политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат.

Дестан Јонузи

Tags: Албин Куртидвојно државјанствоизбориПриштинаСкопје
Next Post
Скриншот

ОН: Бунтовниците на M23 силуваа и живи запалија стотици затворенички во ДР Конго

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026
Раговори за иднината 12:05 (фотографија објавена на 27 август 2026, на ФБ страницата на иницијативата)

(РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

September 25, 2026
Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk