ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Проектот „Страда бруталисима“ ќе нѐ претстави на 19. Биенале на архитектурата во Венеција

February 11, 2025 19:44
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска на прес-конференција соопшти дека проектот „Страда бруталисима“ на  авторите д-р Благоја Бајковски, д-р Ана Рафаиловска, м-р Невенка Манчева Аџиевска и м-р Марија Антиќ Николовска, во организација на Националната галерија, ќе ја претставува нашата држава на 19-тата Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција. Комесари на изложбата се Фросина Зафировска и Маја Неделковска Брзанова.

Љутков потенцираше дека е особено значајно позиционирањето на нашата земја на меѓународната сцена каде што архитектите на новото време ќе ги презентираат своите современи остварувања.

„Македонскиот национален павилјон по седум години повторно ќе биде сместен во еден од најпрестижните и најзначајни изложбени простори – Арсенале. Ова е исклучително битен момент за сите нас бидејќи покрај Џардини, Арсенале е епицентар на Биеналето! Оваа, 2025 година, покрај земјата домаќин, Република Италија, таа чест ја имаат само дваесетина држави од светот“, информираше  Љутков.

Честитајќи им на авторите на проектот „Страда бруталисима“, на комесарите и на сите соработници, министерот Љутков изрази уверување дека со проектот „Страда бруталисима“, Република Македонија достојно ќе биде претставена на Биеналето на архитектурата во Венеција, со што, како што рече, ќе дадеме свој придонес кон размената на нови искуства, идеи и енергија на полето на архитектурата.

Професорот на Архитектонскиот факултет при УКИМ, кој е и дел од стручната комисија задолжена за избор на проектот, Јован Ивановски, на прес-конференцијата рече дека проектот соодветствува на условите и на критериумите за учество на Венециското биенале.

Авторот и куратор на проектот, д-р Благоја Бајковски, потенцираше дека „Страда бруталисима“ ја става во фокус бруталистичката архитектура на Скопје, која е еден уникатен и парадигматски слој од постземјотресната историја на градот. Тој рече дека проектот не пристапува кон овој слој како носталгичен омаж на минатото, туку како кон динамичен извор на знаење, кое може да биде вткаено кон современата архитектонска дисциплина.

Директорката на Националната галерија, Маја Неделковска-Брзанова, рече дека Националната галерија го поддржа проектот од причини што тој става акцент на еден од најзначајните периоди во историјата на Скопје – реконструкцијата по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, и го претставува и го афирмира богатото архитектонско наследство на нашата земја.

Биеналето на архитектурата во Венеција, на тема „Интелигенција. Природна. Вештачка. Колективна.“, ќе се одржи од 10 мај до 23 ноември.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: биеналеВенецијаСтрада бруталисима

НАЈНОВО

Во 4 по полноќ започнува летото, утре ќе биде најдолгиот ден во годината

June 20, 2025
Скриншот

Спорот околу ДДВ ги закочи преговорите за нова влада во Романија

June 20, 2025

Жена прегазена на тротоар на булеварот „Туристичка“ во Охрид

June 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евроинтеграцискиот процес на Македонија во ќор-сокак, главен виновник – Владата на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk