ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Власта и опозицијата си префрлаат кој е виновен за падот од 12 позиции на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024

Мицкоски падот на индексот за корупција го закачи за претходната влада, а според СДСМ, Македонија за прв пат по 2019 назадува во борбата со корупција

February 11, 2025 13:45
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА

Додека земјата тоне во корупција според сите релевантни меѓународни извештаи, власта и опозицијата си префрлаат кој е виновен за падот од 12 позиции на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 во извештајот на Транспаренси интернешнл. Премиерот Мицкоски падот го закачи за претходната влада, а според опозициската СДСМ, Македонија за прв пат по 2019 назадува во борбата со корупција.

Падот од два индексни поени за премиерот Христијан Мицкоски е очекуван, а извештајот претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме, ќе бидеме подобри или полоши и основа за подобрување на позицијата.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција по потпишувањето на договори меѓу АД ЕСМ и Банкарска група KfW, претседателот на Владата рече дека извештајот е логичен и оти сите критериуми во Извештајот биле во период на претходната влада.

– Логичен е тој извештај и добро е што е само два индексни поени. Мислев дека е повеќе после сите злоупотреби на европско знаме, коруптивни скандали кои беа во периодот на минатата влада. Ако ги забележите сите седум критериуми, ќе видите дека сите се однесуваат за периодот кога е претходната влада. Детално го изанализирав и тоа е добра основа од каде што сега ќе можеме да почнеме да ја подобруваме нашата позиција, истакна Мицкоски.

Најави дека на денешната Владина седница ќе го задолжи ресорниот министер, јасно да ги детектира слабостите и во иднина да не се повторуваат.

– Нема да ни се повтори повеќе „Соравија“ во центар на Скопје, измени на Кривичен законик со злоупотреба на европско знаме, ниту бентли, „астон-мартин“ и „ролс – ројс“ автомобили на блиски роднини на нашите семејства. Нема да ни се повторат наместени тендери, парцели за фотонапонски централи на високи владини функционери…, Тоа е нотирано во овој извештај и за нас претставува добра основа за понатаму да следиме дали ќе напредуваме или ќе бидеме полоши, нагласи Мицкоски.

СДСМ: Македонија за прв пат по 2019 назадува во борбата со корупција

– Резултатите од годишниот извештај на „Транспаренси интернешнл“ се уште еден доказ за неспособноста и неуспехот на Владата предводена од ДПМНЕ. Македонија бележи катастрофален пад од 12 места во Индексот за корупцијата за 2024 година, што претставува прво назадување на нашата држава од 2019 година. Оваа Влада ветуваше „беспоштедна борба против корупцијата“, но за само осум месеци успеа да ја доведе Македонија до најслабата позиција на скалата во последните пет години. Со падот на два поени и рангирањето на 88 место, граѓаните јасно покажуваат дека немаат доверба во нивните политики и дека корупцијата е полоша од било кога, велат од СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека „додека соседните земји, како Албанија и Косово, прават сериозни чекори напред – Албанија е осум места пред нас, а Косово дури петнаесет – Македонија под оваа Влада се движи наназад“.

– СДСМ за време на своето владеење ја зацврсти позицијата на Македонија во борбата против корупцијата, овозможувајќи континуирано напредување на индексот од 2019 до 2023 година. За разлика од тоа, Владата на ДПМНЕ го врати нашиот рејтинг наназад, а земјата ја ставија во групата на најкорумпирани држави во Европа. Одговорноста за овој неуспех е кај Владата, наместо да ја лаже јавноста со празни ветувања и пропаганда треба да покаже системски мерки и реформи за борба со корупцијата. СДСМ останува цврсто посветен на борбата против корупцијата и изградбата на институции кои ќе служат на граѓаните, а не на партиските интереси, се нагласува во соопштението од СДСМ.

Пад на Македонија од 12 позиции на Индексот на перцепција на корупцијата за 2024

Во извештајот за Индексот на перцепција на корупцијата за 2024 година имаме 40 поени, што е за два помалку од минатата и бележиме пад од 12 позиции, заземајќи ја 88 позиција на табелата. Големиот број скандали што ја тресеа Македонија, особено во судството, големиот број нерешени случаи на висока корупција, големиот број недемократски процеси и нетранспарентноста на одредени институции придонесоа за сето ова, порача претседателот на Транспаренси интернешнл Благоја Пандовски.

И годинава, нагласи Пандовски, ИПК покажува дека земјава е далеку под минимумот од 50 поени, кои што се долната граница под која не може да се каже дека една земја има задоволителни активности насочени кон сузбивање на корупцијата.

Ј. Ѓ.

Tags: корупцијаМицкоскиСДСМ
Next Post

Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk