ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Калач: Oценувањето на уставноста на Кривичниот законик ќе покаже дали правдата ќе ја добие својата вистинска форма

February 13, 2025 12:01
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста на измените на Кривичниот законик.

Судот изразил сериозен сомнеж за уставноста на оспорениот закон во целина и донел одлука да му наложи на собранието во рок од шест месеци да ги направи неопходните измени и да се усогласи со аргументите на Судот. Доколку Собранието не го стори тоа, ќе следува укинувачка или поништувачка одлука од Уставниот суд.

Адвокатот Јасмин Калач за Фронтлајн вели дека измените на Кривичниот законик на Северна Македонија кои се однесуваат на казните за кривичното дело злоупотреба на службената положба предизвикаа значителни контрoверзи.

Јасмин Калач

Според тие измени, додава тој, казнената одговорност за ова кривично дело беше намалена, што доведе до ситуација во која многу високопрофилни обвинети функционери избегнаа кривичен прогон, а делата застареа.

– Се офајдија и обични граѓани, вкупната бројка се проценува околу 800 луѓе. Сегашната одлука на Уставниот суд да покрене постапка за оцена на овие измени има за цел да ги испита можните последици од ваквите измени и дали тие се во согласност со основните принципи на правдата и владеењето на правото. Сега, Собранието на Северна Македонија има шест месеци да ги испита и, ако се оцени дека е потребно, да ги изврши соодветните измени во Кривичниот законик. Кога се носеа овие измени, аргументите кои се изнесоа од властите беа дека тоа е поради дел од напорите за обезбедување правна сигурност и заштита на личните права, како и дека со тоа ќе се осигура дека правосудството не ќе биде преоптеретено со случаи што можат да бидат предмет на злоупотреба. Меѓутоа, последиците беа јасни: намалување на казните и ослободување на бројни политички и јавни фигури кои беа обвинети за злоупотреба на службената положба, а тоа им овозможи да избегнат кривичен прогон и да видат како нивните случаи застаруваат, вели тој.

Според него, ваквата ситуација се претставува како удар врз правдата, особено ако се има предвид дека високи функционери кои биле обвинети за сериозни дела, како што се злоупотреби на јавни набавки и политички злоупотреби, можеа да избегнат одговорност.

– Ваквиот развој на настаните ја намали довербата на јавноста во правосудниот систем и во системот на контрола на власта, кој треба да ја гарантира отчетноста на функционерите. Оттука, одлуката на Уставниот суд да ги преиспита овие измени и да наложи на Собранието да ги направи неопходните корекции, има огромно значење за враќање на правдата и обновување на принципите на правичност и одговорност. Ако се направат корекциите, тоа ќе значи дека ќе се создадат услови за поголема транспарентност и отчетност во политичките и јавните институции, а со тоа и за зајакнување на довербата на граѓаните во правниот систем. Во контекст на овие измени, важно е да се нагласи дека правосудството треба да остане независно и не смее да биде подложно на политички влијанија, анализира адвокатот Калач.

Истовремено, смета нашиот соговорник, важно е да се гарантира дека сите функционери и политички личности, без оглед на нивниот статус, ќе бидат подложени на исти стандарди и закони, а злоупотребите ќе бидат санкционирани соодветно.

– За да се постигне ова, неопходно е Собранието да ги разгледа последиците од овие измени и да донесе одлуки кои ќе обезбедат правична и еднаква казнена одговорност за сите кои јa злоупотребуваат својата службена положба. Овој процес ќе има значајни импликации на политичката и правната култура во земјата и ќе покаже дали правдата ќе ја добие својата вистинска форма, подвлекува адвокатот.

Измените на Кривичниот законик од септември 2023 година кои вклучуваа намалување на казните за функционерите, што предизвика реакции и спротивставени мислења за уставноста на законот. Мнозинството од судиите на седницата посочија дека треба да се поведе постапка бидејќи законот е штетен и има далекусежни последици, но дел од нив тврдеа дека не е во надлежност на Уставниот суд да одлучува за постапката на донесувањето на законот во Собранието.

На седницата, како што соопштија од Судот, доминираа два сета на уставно правни аргументи, првиот поврзан со формалната уставност на законот, вториот сет со материјалната уставност на законот.

Измените на КЗ во септември 2023 година беа донесени по брза постапка, со европско знаменце.

Од ЕУ препорачаа донесување на нов КЗ, со согласност со правото на ЕУ и меѓународните стандарди. Со цел да се запре натамошно перпетуирање на последици, работна група на Министерството за правда крои нови измени, кои би требало да го премостат периодот до донесување на нов КЗ.
Како привремено решение се планира враќање на членовите 353, 353-в и 354, што ќе овозможи поефикасна примена на Законот за спречување на корупција и против злоупотребата на службената положба, односно да се минимизираат ризици за нејзината злоупотреба за политички или други неосновани цели.

Со измените се планира зголемување на казните за „Злоупотреба на службена положба и овластувања“ и проширување на опфатот на кривичните дела за проширената конфискација, како и вградување на нови кривични дела како резултат на современото општество и технологија.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаЈасмин КалачКривичен законикСобраниеУставен суд

НАЈНОВО

Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали

Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

June 7, 2025

Владата отвори телефонски број за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани

June 7, 2025

Филипче од Прилеп: Кочоска јасно порача дека платите нема да растат

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Курбан Бајрам, најзначајниот празник во исламкиот верски календар по Рамазанскиот Бајрам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Паднати дрвја, заглавени возила, сообраќајни пречки и поплавени дел од улиците во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маск сподели видео – Трамп на забави на сексуалниот престапник Епштајн, драматично влошување на односите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk