Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Власта, ничим изазвана си отвори тема за промена на државниот грб.
И додека сите нормални си поставуваат прашање – од каде излезе сега ова со грбот?, Мицкоски & компанија, си ја тераат приказната како што им одговара.
Велат постојниот државен грб бил симбол од социјализмот и нe ја отслукувал реалноста.
Си отвораат теми безболни за властелините каде ќе верглаат и прават шашми за лавови, орли, рисови и животински царства.
Тие да си пробаат да поттикнат национални ниски страсти, па ако им пројде добредојдено им е, што.
А ќе се обидат и да направат драма со партиска сценографија се разбира.
Па имаме дворски игри на владините партнери: едните (ЗНАМ) као ‘ржат, а другите (ВМРО-ДПМНЕ) као се држат. Оние од ВЛЕН пак ќе биле конструктивни и рационални.
Во основа ќе ни баат од уроци, оти реалноста ги ака од земја.
А реалноста е стандардот на граѓаните.
И тука се обиде владетелот Мицкоски одлучно да стави рака на синдикалната кошничка и да ја замени со владината – Мицкова кошничка, ама некако тенко му излезе работата.
Потоа се засили дека ќе ограничел маржа на трговците од 10 проценти, ама и тука се слизна – го искараа буџованите и Владата, оп, се попишмани.
И кога нема решенија за реалните проблеми на граѓаните секоја „нормална власт“ ќе посегне по – ако нема леб нека има игри!
Оти, нели, го заболе Мицкоски… коленото за државниот ни Грб.