ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

НАТО ги демантира гласините за повлекување на американските војници од Косово; Руте нагласува дека стабилноста во Косово е во интерес на сите во алијансата

February 21, 2025 11:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

КФОР ги демантираше информациите за можно повлекување на американските војници од Косово. Од друга страна, НАТО соопшти дека САД остануваат целосно ангажирани во Алијансата со клучна улога во мировната мисија на Косово.

Безбедносните експерти проценуваат дека поради стратешки интерес, на САД ќе им биде невозможно да ги повлечат своите војници. Во меѓувреме, институциите се повикуваат на поголем ангажман за продлабочување на соработката со администрацијата на Трамп.

Во овој момент кога во локалните и меѓународните медиуми се пишува за можноста за повлекување на американските војници на КФОР од Косово, НАТО преку дневна вежба во кампот Бондстил покажа дека КФОР е обединет за одржување на мирот и безбедноста на Косово, се наведува во статија на ТВ 21. 

„КФОР предводен од #НАТО се приклучи на маршот во кампот Бондстил, Косово. Заедничката обука му овозможува на КФОР да биде посилен заедно, работејќи на обезбедување безбедна средина за сите заедници во Косово“.

Извештаите за повлекување на американските воени трупи од Косово беа отфрлени и од КФОР.

„Американските власти јасно ја кажаа својата посветеност на Алијансата, вклучително и американското присуство во Европа, и дека одвраќањето и одбраната на НАТО мора да останат силни.

Понатаму, во анализата на ТВ 21 се вели дека објавите за повлекување на американските војници на КФОР од Косово доаѓаат по написот на германскиот весник „БИЛД“ каде се вели дека постои можност за повлекување на американските војници од КФОР. Исто така, се вели дека Италија се подготвува за ова сценарио, бидејќи е земја со најмногу воени трупи во Косово. Но, ниту претседателот Трамп, ниту неговите претставници не кажаа такво нешто. Претседателот Трамп преку реакција навести дека доколку се постигне мировен договор меѓу Русија и Украина, бројот на американски војници во Европа може да се намали.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте рече дека стабилноста во Косово, Босна и Херцеговина и Србија е во интерес на сите и дека не гледа причина да верува дека може да има некаква драматична промена во однос на американската посветеност на западната воена алијанса.

Руте ова го изјави време на престојот во Братислава, Словачка, кога во дебата со студент беше прашан дали гледа можност за продолжување на конфликтот на Косово, бидејќи се шпекулира дека новата американска политика може да доведе до нивно воено заминување, пренесе Радио слободна Европа на албански јазик.

„Да бидам совршено јасен, од она што го разбирам од американскиот систем е дека тие се целосно посветени на НАТО и на сегашните обврски. Но, да видиме што ќе се случи. Секогаш може да имаме промени во политиката или мали прилагодувања што може да се случат. Тоа го прават Словаците, Холанѓаните и другите. Но, немам причина да верувам дека ќе има драматични одлуки. И воопшто на Западен Балкан мора да бидеме сигурни дека ќе го задржиме овој регион во фокус бидејќи стабилноста на Косово, стабилноста во Босна и стабилноста во Србија е во интерес на сите нас“, одговори Руте.

Подготви: Д. Тахири  / Цивил Медиа

Next Post

Деветдневен штрајк на белгиските железничари

Најново

СДСМ: Граѓаните скапо ги плаќаат „бајките“ на Мицкоски додека трошоците за живот растат

April 20, 2026

Поповски: Убедлива победа на Радев во Бугарија – „Прогресивна Бугарија“ освои самостојно мнозинство

April 20, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk