ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Величковски: Да гласаш воздржано за резолуција на која си ко-спонзор значи дека целосно си ја промашил процената

February 26, 2025 11:22
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– За да се застапуваат за „нова нормалност“, прво нека ја дефинираат. Мицкоски, Муцунски, Силјановска-Давкова, Меџити, ВМРО-ДПМНЕ, Владата… сеедно. Ако го чуле и прифатиле да го застапуваат овој израз – нека кажат што подразбираат под него. Тоа е правец? Го координирале со своите сестрински партии од обете страни на Атлантикот? Со американските републиканци, британските конзервативци или германските демохристијани? Променета е состојбата дека Северна Македонија е земја-членка на НАТО и сака да преговара за полноправно членство во ЕУ? Владата, премиерот, претседателот на Републиката, министрите одговараат на прашања. Се додека не одговорат на овие прашања – важи констатацијата дека вчера Владата отворено влета во процесот меѓу обврските кои нејзините функционери ги преземале пред изборите наспроти потребите на кохерентната надворешна политика на Северна Македонија. Очекувано, тој процеп од вчера е идентичен и кај Вучиќ и кај Мицкоски, вели во изјава за Фронтлајн, Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија, одговорајќи на прашањето: Го напушта ли Северна Македониа правецот кон ЕУ, и дали оди кон „новото нормално“ на Трамп?

Според него, сега на ВМРО-ДПМНЕ му преостанува да се објаснува преку своите „инфлуенсери“ и аналитичари на социјалните мрежи и традиционалните медиуми и да глуми „итроманство“ и „југословенска неврзаност“.

– Да гласаш воздржано за резолуција на која си ко-спонзор значи дека целосно си ја промашил процената. Да гласаш спротивно на партнерите со кои водиш усогласена надворешна политика (ЕУ) – значи дека си ги излажал. А да тврдиш дека сето тоа ти била „стратегија“ – значи дека не знаеш што правиш. Владата на Северна Македонија покажа дека не е кредибилен партнер ниту за САД ниту за ЕУ, во услови кога координацијата од обете страни на Атлантикот е се поочигледна. Стратегијата „еднаш со Американците контра Европјаните, после со Европјаните контра Американците“ покажува само дека официјално Скопје надворешната политика ја препуштило на триаголникот Белград-Бања Лука-Будимпешта. А ова може да биде „нормално“ само за раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби и за нивните владини партнери и одработувачи во парламентарната опозиција. Но не за македонскиот народ и нацијата на Северна Македонија, анализира Величковски.

Ова, додава тој, најавува опасност по формата и политичкото уредување на државата. Кога оваа опасност ќе стане видлива – ќе биде доцна: и нацијата на Северна Македонија и македонскиот народ ќе ја платат цената на двојната игра на ова официјално Скопје кон Вашингтон и Брисел.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕЕУИвон величковскирезолуција на ОНСАД
Next Post
Foto: Flemming Bo Jensen

Успешен настап на диригентката Елена Митревска во Копенхаген

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk