ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Оние што сакаат да им се допаднат на сите – на крајот не му се допаѓаат никому

March 2, 2025 18:04
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Да го прекинам молкот на политичарите – Македонци по непријатната средба Трамп-Зеленски: Украина е нападната од Русија, Украина се брани од агресија.

Интересот и на Украина и на Европа и на Америка е Русија да ја прекине агресијата и да се воспостават механизми што ќе спречат следна агресија. За тоа е потребна одлука на Москва, а не на Кијив.

Жалам што, како и при почетокот на агресијата врз Украина, македонските политичари одбраа да молчат – пред 3 години за агресијата, денес за потребата и европските напори за постигнување праведен, гарантиран и траен мир.

До таа цел ќе се дојде со транс-атлански пристап. Американската администрација по средбите со Макрон, Стармер и Зеленски сега знае дека за тоа:

– Европа е подготвена да го носи својот дел од „товарот“ и

– до целта нема да дојде со притисок „жртвата да го засака својот насилник”.

Улогата на САД за таа цел е огромна, исто како што во процесот подеднакво значење имаат (водечките членки на) ЕУ и Обединетото Кралство. Не само воено, туку економски, финансиски, технолошки и ресурсно.

Ова намерно го игнорираа владејачките функционери со гласањето во ОН:

– спротивставувајќи се на позициите на ЕУ и ОК, за да ја проектираат уште еднаш Северна Македонија во „расположлив трн“ во чевелот на Европа и

– одработувајќи за расцеп во транс-континенталната безбедносна политика и за спречување на континенталното одбранбено компримирање.

Ова го премолчуваат и функционерите во парламентарната опозиција, надевајќи се дека со молчење ќе можат да им се допаднат на сите.

Оние што сакаат да им се допаднат на сите – на крајот не му се допаѓаат никому.

Нашата следна цел е европската – и тоа е познато од обете страни на Атлантикот. Оттука, прашањата до македонските политичари се: Отстапувате од неа? Во меѓусебен договор?

Во Украина се води првиот конфликт на европско тло по Втората светска војна, во пост-глобализационен свет во кој веќе цела деценија се уредуваат односите во следните децении на светските, континенталните и регионалните фактори, но и на секоја од нациите, согласно нивните афилијации.

Досегашната помош за Украина од САД е околу 120 милијарди долари, од ЕУ е околу 160 милијарди евра. Да, за нивно враќање Украина ќе гарантира (и) со своите суровини. Исто како што Русија ќе мора да ја компензира нанесената штета со агресијата.

Но, да не забораваме дека помошта (повратна и бесповратна) има за цел одбрана до постигнување траен мир – за превенција на идни конфликти.

Додека молчите, политичари и државни функционери во Северна Македонија, не заборавајте дека Украина не смее да биде оставена сама на себе пред Кремлинската агресија: по Украина, на ред е Молдова и потоа Источна и Југоисточна Европа. Или немате проблем со тоа?


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот.

Next Post

Човекот што не носи костум

Shortcut

Најново

Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

October 13, 2026

Живите лежечки полицајци

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

October 12, 2026
Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk