ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Орбан: Јасно се гледа стратешката разлика во ЕУ по изборите во САД, некои сакаат војна, а некои мир

March 4, 2025 15:19
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Јасно се гледа стратешката разлика која се создаде по американските претседателски избори, односно фактот дека има некои кои сакаат војна, а некои мир, оцени денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан на заедничката прес-конференција со македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Будимпешта.

Во одговор на новинарско прашање поврзано со прекинот на воената поддршка за Украина од страна на САД, Орбан рече дека в четврток ќе се одржи Самитот во Брисел, каде ќе разговара со претседателот на Франција Емануел Макрон, бидејќи како што рече, јасно се гледа стратешката разлика во Европската унија по изборите во САД.

– Во Париз јас ќе поразговарам со претседателот на Франција, потоа в четврток ќе се одржи Самитот во Брисел. Тоа што досега можеше да се покрие и да се поправи со комуникација, насмевки и прес-конференции, веќе тие алатки не можат да се користат. Јасно се гледа една стратешка разлика која се создаде по американските претседателски избори, односно фактот дека има некои кои сакаат војна, а некои мир. Додека само Ватикан и Словачка, покрај Унгарија кажаа дека сакаат мир, рече Орбан.

На Самитот во Брисел, додаде, Унијата ќе треба да се справи со овој предизвик, посочувајќи дека се работи за непремостлива разлика.

-Оваа разлика не ќе можеше да се нарече значајна, доколку САД не се префрли на нашата страна, но јас не би сакал да се фалам со нашата положба, но секако ние се наоѓаме на иста страна. Од тогаш, не може да се премости таа разлика. Ние треба да се справиме со овој предизвик во среда и четврток. На овој Самит на премиерите во четврток е одредена и друга точка на дневниот ред, независно од трансатлантскиот расцеп и воената ситуација во Украина, треба да разговараме и за тоа каква стратегија сака да примени Европа во економска смисла, во трговска смисла, во областа на одбраната итн. Таму ќе се обидеме да најдеме начин за соработка, рече Орбан.

Во врска со телефонскиот разговор што го имал со претседателот на САД, Трамп во неделата вечерта, Орбан нагласи дека имаат блиски односи со Вашингтон на сите нивоа. Нагласи дека сега е уште поголема причината за продлабочување на соработката, бидејќи имаат заеднички вредности.

-Имаме поголема причина, подлабока причина за соработка бидејќи имаме заеднички вредности. Ние се наоѓаме во цивилизациска борба и во оваа борба војуваме заедно со САД има некои други партнери, рече Орбан и одговори дека со Трамп разговарале за повеќе теми.

Во врска со денешниот инцидент во Парламентот на Србија, ппозициските пратеници запалија црни димни бомби и раширија транспарент на кого пишува „Србија стана за режимот да падне“, изјави дека тоа е приватна работа на Србија, но напомена дека откако победиле патриотите во САД, според Орбан зајакнати се обидите за дестабилизација во Централна Европа. Тој смета дека Србија е жртва на овие обиди за дестабилизација, а како, што рече, нивна мета освен Србија се и Унгарија и Словачка.

Тој истакна дека овој механизам се користи и против Унгарија. -Ако се уште се сеќавате на нашата борба против институциите на Сорос, тогаш знаете за што зборувам. Планираме таа борба да заврши до крајот на пролетта, рече Орбан.

Tags: ЕУОрбанСАД
Next Post

Маричиќ: ЕУ треба да биде спремна да ги брани и да се бори за своите вредности

Shortcut

Најново

Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk