Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска во Бања Лука изјави дека во РС и Србија се спроведува, како што наведе, антибирократска револуција, чија цел е да се пресмета со демократски избраните претставници на РС и Србија.
„Антибирократската револуција што се спроведува во Србија и Република Српска подразбира пресметка со демократски избраните претставници на властите на Србија и Република Српска. Целта е да се дестабилизираат институциите на Србија и Република Српска“, рече Додик на прес-конференција по средбата со заменик-премиерот на Србија во оставка, Александар Вулин.
Тој истакна дека РС е „посветена на мирот и дијалогот“ и дека сака сите во РС да се чувствуваат безбедни.
„РС и Федерацијата Босна и Херцеговина треба да разговараат за сите важни теми. Дојде време да се оддалечиме од времето кога меѓународниот интервенционизам ги решаваше проблемите“, оцени Додик.
Зборувајќи за ситуацијата во Србија, тој рече дека „владата се обидува да се дислоцира преку одредени пленуми“.
„На демократските избори за претседател на Србија е избран Александар Вучиќ и оваа влада. Сакаме силна и моќна Србија, која предводена од Вучиќ, досега таква и беше“, рече Додик.
Вулин, рече дека РС има силна поддршка и од српскиот претседател Александар Вучиќ и од сите органи на Србија.
„Република Српска е приоритет за Србија“, рече Вулин.
Според него, Србија го прави секој чекор на меѓународен план, па дури и на домашен план, размислувајќи како тоа ќе влијае на РС.