ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Константинос Тасулас и официјално претседател на Грција

March 13, 2025 13:39
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Со свечена заклетва во грчкиот Парламент, во присуство на премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, поглаварот на ГПЦ Јеронимос, пратениците, но и претставници на дипломатскиот кор, новиот грчки претседател Константинос Тасулас претпладнево положи свечена заклетва, по што и официјално, во Претседателската палата ја преземе функцијата и стана деветтиот претседател на Грција по обновувањето на демократијата во земјата во 1974 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Парламентот, Тасулас пред светото Евангелие ја повтори заклетвата, што ја читаше поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос, додека пак од церемонијата отсутни беа пратеничките групи на Курс на слобода и Грчко решение.

Во продолжение положи цвеќе на споменикот на Незнајниот војник пред објактот на Парламентот и се упати кон Претседателската палата каде што го пречека неговата претходничка Катерина Сакеларопулу.

Досегашната претседателка му честиташе и му посака успех во неговиот мандат, посочувајќи дека претходно, како собраниски спикер и како политичар „доследно им служеше на вредностите и идеалите на нацијата и негуваше демократски консензус“, што, според неа се гаранција за најдобро можно исполнување на должностите.

– Ја преземате должноста во неизвесни времиња, со многу тензии во и вон државата, во свет во транзиција и во ера на последователни кризи. Обединувачкиот и симболичен дискурс и улога на претседателот на државата, посветеноста на Уставот и законите и контактот со општеството ја зајакнуваат довербата во државата и надежта за напредок на нашата земја. Сигурна сум дека ќе се движите во оваа насока, господине претседателе, рече Сакеларопулу.

Новиот грчи претседател посочи дека штафетата сега е во негови раце и се осврна на главните меѓународни и внатрешно-политички предизвици, геополитичките случувања а се осврна и на железничката несреќа кај Темпи, истакнувајќи дека целото општество бара да се задоволи правдата.

– Во оваа средина и овие предизвици и со моите надлежности дефинирани со Уставот, повикан сум и должен сум, пред сè, да го бранам почитувањето на Уставот и хармоничното и кредибилно функционирање на институциите. Второ, да го бранам националниот интегритет и трето, општиот интерес, правата и напредокот на грчкиот народ, посочи Тасулас.

Паралелно истакна дека „националното единство е историски неприкосновен услов за успех на поставените цели“.

Поранешниот собраниски спикер, како кандидат на владејачката Нова демократија, минатиот месец со 160 гласа „за“ од кои 156 членови на пратеничката група на Нова демократија, двајцата поранешни членови на владејачката партија, сега независни, како и уште двајца независни пратеници, од вкупно 300 пратеници, беше избран за нов шеф на државата.

Новиот грчки претседател, 66-годишниот Тасулас, роден е во градот Јанина, студирал во Атина, работел и во адвокатска канцеларија во Лондон, во периодот 1981-1990 година беше секретар на поранешниот претседател на Нова демократија Евангелос Авероф-Тосица, како и советник во неколку министерства, во Владата на Костас Караманлис беше заменик-министер за одбрана, а во Владата на Самарас министер за култура, но и градоначалник на населбата Кифисја во северниот дел на Атина.

Од 2000 година е пратеник од Нова демократија, а од јули 2019 година до јануари годинава беше претседател на Парламентот, позиција на која три пати со широко мнозинство беше изгласан од пратениците.

Во однос на ставовите кон нашата земја, генерално, позициите на новиот шеф на државата не се разликуваат од оние на актуелната грчка Влада.

Претседателот на Грција го избира Парламентот и има петгодишен мандат.

Next Post
Фото: Влада

Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

Најново

Фото: Фб страница на Зоран Љутков

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

April 22, 2026
Илустрација Фронтлајн

„Евромор“ и „Правфонд“ на црната листа на ЕУ: Замрзнати средствата на руските пропагандни субјекти

April 22, 2026
Фото: ФБ страница на Христијан Мицкоски

Дипломатски десант на Мицкоски во Виена, без приземјување во реалноста

April 22, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНАЛ: Светот влегува во „предаторска ера“ – колапс на меѓународното право и човековите права

April 22, 2026

Украински дронови ја нападнале руската нафтена рафинерија Сизрањ

April 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk