ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Правата на Македонците во Бугарија не се мешање во внатрешните работи на нашиот источен сосед

March 13, 2025 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Влада

Фото: Влада

Share on FacebookShare on Twitter

Јас би се повикал на меѓународното право, Конвенцијата за заштита на правата на зедниците и тука не можам да одбегнам да не го коментирам  правото на македонската заедница во Бугарија, кое се темели на 14 пресуди од Судот за човекови права да го реализира и тука треба ние сите како граѓани да дадеме поддршка на таа македонска заедница во Бугарија, која за жал во 21 век,  во земја членка на ЕУ, не може тоа право да го  оствари. И тоа нема никаква врска со внатрешните работи, тоа се темели исклучиво на Резолуцијата за заштита на човековите права чиј ратификатор е и нашиот источен сосед и наш партнер  во НАТО, истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментар по реакцијата на бугарското МНР на неговата вчерашна изјава за блокадата од Бугарија во пристапувањето во ЕУ.

Додаде дека навистина жали што новиот министер за надворешни работи на Бугарија заборава дека добрососедските политики се темел на една европска перпектива и дека  сме партнери во најголемата заедница, алијанса во човештвото, тоа е НАТО заедницата.

-Ние таму ќе продолжиме да функционираме и ние ќе останеме тука, но и нашите сограѓани ќе останат таму каде што се во Бугарија. Наша цел е да градиме добрососедски односи, но кога станува збор за вистината тогаш сме тука  истата да ја коментираме и доколку  промената на Уставот не е директно мешање во внатрешните работи на една суверена и независна држава, тогаш навистина не знам што е тоа, рече Мицкоски.

Прашан  за европската иднина на земјата, претседателот на Владата подвлече дека и втората стратешка цел на државата е полноправно членство во рамки на ЕУ.

-Ние не сме како некои поранешни политичари и тоа да го гледаме како егзибиционизам, кариеризам и нешто што претставува сосема спротивно од очекувањата и интересите на грашаните и заштита на национачните интереси, така што македонските граѓани и државата во целина очекуваат вистински пат кон ЕУ, нешто што го очекуваме повеќе од две децении и што ќе се темели на Копенхашките критериуми, на систем базиран на заслуги и ни повеќе ни помалку што го добија сите оние земји членки што пристапија, а не на билатерализација и решавање на билатерални спорови. Не смееме да дозволиме европската иднина да биде зависна од решавање на билетарални прашања, кои немаат никаква врска со 21 век, туку се поврзани со нешто што се случувало во средниот век, подвлече премиерот Мицкоски.

Тој не сакаше да ја коментира вчерашната изјава на евроамбасадорот Рокас дека има засилена дипломатска активност  за деблокада на пристапувањето на земјата во ЕУ. Кратко одговори дека можна деблокада може да се случи и задутре и дека тоа не зависи од нас, туку од други фактори, а новинарите за повеќе појаснувања ги упати да се обратат на евроамбасадорот.

Tags: бугаријаМакедонциМицкоски
Next Post
Фото: Н1

Демонстрантите што ја блокираа српската телевизија Н1, се повлекоа од блокадата

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk