ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Кошта: Конкурентноста, Украина и европската одбрана главни теми на мартовскиот Самит на ЕУ

March 14, 2025 10:50
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Централната тема на агендата на мартовскиот Европски совет ќе биде конкурентноста, но ќе продолжиме и со адресирање на неодамнешните случувања во врска со Украина и следните чекори за одбраната по презентацијата на „Белата книга“ за иднината на европската одбрана, наведува претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во поканата упатена денеска до шефовите на држави или влади на членките на Унијата за учество на Самитот на ЕУ закажан за 20 и 21 март во Брисел.

– Нашата континуирана поддршка за Украина, потребата да се инвестира во нашата одбрана и нашата конкурентност се тесно поврзани. Поконкурентна Унија ќе значи посилна Унија, која ќе биде поспособна да ги заштити своите граѓани, своите интереси и своите вредности на глобалната сцена, посочува Кошта во поканата.

Во однос на конкурентноста, тој како приоритетни области за нејзино зајакнување ги наведува решителното напредување во поедноставување на процедурите, обезбедувањето енергетска сигурност и создавањето на Унија за штедење и инвестиции.

Покрај овие теми, предвидено е лидерите да расправаат и за подготовката на новата Повеќегодишна финансиска рамка ЕУ за периодот по 2027 година, за миграцијата, пред се за предлозите за поедноставување на постапките за депортација на мигрантите, како и за најновите случувања на Блискиот Исток.

Кошта во поканата најавува дека лидерите в четврток ќе имаат и работен ручек со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, со кога ќе разговараат за мултилатерализмот и други глобални прашања, особено за подготовките на Третата конференција на ОН за океаните и Четвртата меѓународна конференција за финансирање на развојот.

– Ќе настојувам да ја завршиме нашата средба во еден ден, но со оглед на неизвесноста околу можните меѓународни случувања, не можам да ја исклучам можноста дека можеби ќе треба да продолжиме и в петок наутро, додава Кошта во поканата до лидерите на земјите членки на ЕУ за учество на мартовскиот редовен Европски совет следната недела.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУКоштаУкраина

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk