ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ТРАГЕДИИ

Македонија завиена во црно по страшната трагедија во Кочани, се бара одговорност

March 17, 2025 14:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонија завиена во црно, Кочани во мрак по страшната трагедија каде загинаа 59 лица, а 45 се во критичка состојба.

Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник во МВР вели дека „во случајот затаила контрола, а ние точно знаеме кој е надлежен, Mинистeрството за внатрешни работи е надлежно да изврши контрола на присуството на малолетни лица во угостителски објекти, дали се точи алкохол на малолетни лица итн“.

– Перманентно таму станува збор за вршење на дејноста спротивно на законските прописи. Немало лиценца, немало одобрение, не исполнувал никакви услови. Дирекцијата за спасување и заштита кажа дека во делот на противпожарната заштита, немало никакви елаборати, дека немало поднесено никакво барање, во смисла на поставување на заштитна мрежа, појавувачи на пожар …. Сите институции констатираа еден куп слабости. Ако викаме тој работел спротивно на законите, како организирана држава, имате инспекциски служби на терен, имате полиција на терен, имате институции кои тоа требало да го спречат, да стават пломби и да запрат да ја врши дејноста која ја вршел. Тука имаме еден сплет на непочитување на закон, работење спротивно на закон, зашто веќе се поднесени соодветни пријави, изведени се соодветни докази, а се уште трае увидот. Така да мислам дека ова мора да се заврши со одговорност, затоа што не смееме да дозволиме неказнивоста да надвладее, затоа што целосно ќе ни го разгради системот, подвлече нашиот соговорник.

Пожарот во ноќниот клуб во Кочани избувна во неделата во раните утрински часови откако искри од пиротехнички средства, користени за ефект, го запалиле покривот, соопштија властите.

Околу 500 луѓе биле во ноќниот клуб кога избувнал пожарот додека бендот ДНК настапувал. Снимката од местото на настанот покажува дека покривот на клубот изгорел и се урнал на неколку места, оставајќи ги неговите внатрешни дрвени греди откриени и поцрнети. Од починати 59, досега се идентификувани 35 од кои 31 од Кочани и четворица од Штип. Над 155 лица се хоспитализирани – главно во клиниките во Скопје.

Тошковски истакна дека 45 се во критична состојба. Тој рече дека правното лице нема лиценца на работа и дека сопственикот на дискотеката при контрола приложувал фалсификувана лиценца. Министерот истакна дека се констатирани низа неправилности во дискотеката. Немала соодветна лиценца а работела како лесна индустрија. Немало излезни врати за евакуација, во објектот немало хидрантска мрежа и ималo само два ПП апарати. Тошковски вели дека концертот бил одржан на „диво“ – немало договор помеѓу бендот и организаторот.

Како што истакна Тошковски, над 22 – 23 лица се осомничени за целиот настан. Власта ветува брза и темелна истрага.

Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека 20 од повредените се во тешка состојба. Повеќе од 20 од повредените и тројца загинати се на возраст до 18 години, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Некои пациенти се испратени на лекување во Бугарија, Србија, Турција и Грција, соопштија властите.

Главниот обвинител Љубчо Коцевски, рече дека е ангажиран тим од обвинители за расветлување на инцидентот.

Дестан Јонузи

 

Tags: Љубомир ЃурчевскиМВРтрагедија во Кочани
Next Post

Министерот за здравство Таравари ќе ги посети пациентите во Солун и Софија

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk