ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Студентското собрание по бројните реакции на студентите се извини за говорите пред платото на УКИМ

March 17, 2025 19:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Плато на УКИМ. Фото: МИА

Плато на УКИМ. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Универзитетското студентско собрание на УКИМ на својата Фејсбук страница попладнево упати јавно извинување до сите членови на академската заедница во однос на чинот на говори на денешниот настан во Универзитетскиот кампус.

-Ова е прва наша организација од овој тип и се молиме дека ќе биде последна. Ги прифаќаме сите критики за овој и за секој нареден настан, а и ние самите ги увидовме. На наредните собири нема да има никакви говори, се наведува во објавата на Фејсбук.

Универзитетското студентско собрание на УКИМ денеска организираше собир „Заеднички час“ кој започна со седумминутен молк на преполниот кампус на Скопскиот универзитет каде што студенти и професори им оддадоа почит на жртвите во пожарот во Кочани. На настанот се обратија ректорката на УКИМ Биљана Ангелова и министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Студентите ја исвиркаа министерката Јаневска додека говореше пред платото на УКИМ.

На социјалните мрежи следуваа бројни реакции од студентите за говорите на министерката и ректорката.

Реакција за говорите претходно имаше од Студентски отпор:

„Наместо 7-минутен молк и достоинствено оддавање на почит, како што бараа студентите, ректорката на УКИМ, Билјана Ангелова, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, одлучија да држат говори. Ова се случи и покрај јасниот притисок од студентите да не се користи ваков трагичен момент за говори и политичка самопромоција. Додека тие ги читаа своите подготвени изјави, неколку студенти се почувствуваа лошо и побараа итна медицинска помош. Но, наместо внимание кон оваа ситуација, ректорката и министерката продолжија со своите говори, целосно игнорирајќи ја состојбата на студентите. За нив, поважна беше ПР кампањата отколку почитта кон жртвите и здравјето на младите кои присуствуваа на собирот“.

Бленди Ходаи: Министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите

Студентот на Филозовскиот факултет и граѓански активист Бленди Ходаи, во објава на Фејсбук, реагираше на обраќањето кон студентите на министрката за образование.

„Благодарам на добрата волја, но за да им оддадете почит на жртвите, министерке Јаневска, најдобро ќе беше да молчите, таму, меѓу илјадници студенти. Барем ќе нѐ поштедевте од празни флоскули и говори, од обиди да го контаминирате гневот на младите со рецитирање поема од Ацо Шопов“, пишува Ходаи.

Ходаи вели дека зборови на студентите не им се потребни, туку дека бараат одговорност и правда.

„Нам зборови не ни се потребни, бидејќи за ова зборови нема. Бараме одговорност. Бараме вистинска правда. Бараме држава што не е импровизирана, држава што не гори, не се руши и не убива. Ќе ни помогнете со тоа што ќе признаете дека раководите со распаднат систем – систем што не штити, туку уништува – трагедиите ќе се повторуваат, жртвите ќе се множат. Додека не видиме конкретни дејства не само во контекст на оваа трагедија, правдата ќе остане само збор во вашите празни говори“, нагласува Ходаи.

Проф. Румена Бужаровска: Гласот на студентите не се слушна.

Реакции имаше и од писателката проф. Румена Бужаровска, која присуствувала на собирот. Таа вели Гласот на студентите не се слушна.

„По редицата нови празни флоскули, како да е на школска приредба, ни изрецитира песна од Ацо Шопов, онаа дека ако носиме нешто неизречено што нѐ притиска и пече, го закопуваме во длабока тишина и тишината треба сама да го рече. Сакаше да го поврзе со седумте минути молк, изгледа, но всушност, со неодговорното рецитирање на поезијата, на студентите им порача дека треба да молчат, дека треба болката и гневот да ги закопаат во тишина“, напиша Бужаровска.

Ј. Ѓ.

Tags: извинувањеЈаневскаУКИМ
Next Post

Младите тетовци оддаваа почит за настраданите во Кочани

Најново

Фото: Скриншот, видео N1

Рундек со мини-концерт во Белград им даде поддршка на студентите со „Ay Carmela“

May 8, 2026
Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Викенд хороскоп на Анаис за 9 и 10 мај 2026: Социјална динамика и нови идеи

May 8, 2026
Фото: Скриншот од war.gov/UFO

Трамп објави тајни досиеја за НЛО: „Народот сам нека одлучи што по ѓаволите се случува“

May 8, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дали светот се соочува со нова пандемија: Што се случува со хантавирусот на крузерот „Хондиус“?

May 8, 2026

Советничка на ЗНАМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, преминува во опозиција

May 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk