ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ТРАГЕДИИ

Погреб на загинатите во пожарот во Кочани

March 20, 2025 09:25
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска ќе бидат погребани. Во трагедијата што се случи во неделата рано наутро загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во село Облешево, додека погребите на други места од каде што има починати ќе бидат во различни временски периоди.

Штип ќе се прости од петмината загинати во пожарот во дискотеката во Кочани. Граѓаните ќе можат да се простат со Дамјан Таневски и Филип Ивановски во Соборниот храм „Свети Никола“, со Филип Стевановски и Александар Коларов во црквата „Успение на Превета Богородица“ во штипско Ново Село, а со Александар Ефремов во црквата „Света Троица“ кај градската капела во Штип.

Граѓаните на  Пробиштип ќе се простат со тројцата свои сограѓани кои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тоше Тодоровски полициски службеник со почести, ќе биде изложен во капела во 11 часот,  додека погребот е  во 13 часот на Градските гробишта. Телото на починатиот Матеј Марковски ќе биде изложен во капелата во 13 часот, а ќе биде  погребан во 15 часот на градски гробишта во  Пробиштип. Додеката телото на Никола Насевски ќе биде изложено во домот во село Добрево, а  погребот ќе се изврши во 17 часот.

Членовите на бендот ДНК кои починаа во пожаротќе бидат погребани денеска во Скопје и Струмица. Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан на градските гробишта Бутел, а членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска на гробиштата во Лисиче. Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Ѓорѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица.

Поглаварот наМПЦ-ОА г.г. Стефан, повика на сплотеност и молитва по ужасната трагедија во Кочани во која животите ги загубија 59 невини млади луѓе, а над стотина се здобија со тешки повреди. Народната сплотеност и единство, нагласува архиепископот Охридски и Македонски, најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики.

– Светата Македонска Православна Црква постојано се моли за спасение на невино настраданите, служејќи помени за упокоените и принесувајќи молитви за исцеление на повредените, како и за утешение на нивните семејства и ближни. Во овие дни на траор го повикуваме верниот наш народ заедно да ги сосредоточиме срцата во молитва кон Господа, просејќи од Него да ги прими душите на новопретставените чеда Божји во прегратките Авраамови, а, пак на повредените да им дарува побрзо оздравување. Народната сплотеност и единство најмногу се огледуваат и се најпотребни во вакви злокобни неприлики. Затоа, ги повикуваме сите верни чеда на Мајката Македонска Црква и сите граѓани на Македонија  ̶  да го сочуваме мирот во себе и мирот меѓу себе и, прилежно молејќи се, достоинствено да тагуваме. Со Божји благослов, наведува во пораката архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.

Митрополитот на Брегалничката епархија г.Иларион по несреќата во дискотеката во Кочани, каде што згаснаа животите на 59 лица, повика со молитва кон Бога, со трпение, со смирение да се подготвиме и починатите да ги испратиме во вечноста и болните да се молиме Господ Бог да ги исцели и да ги излечи.

Тој изрази  сочувство до родителите, роднините и блиските на починатите, а на починатите им посака човековљубивиот Бог да ги насели во царството небесно меѓу ангелите и светителите.

Владата вчера ги задолжи државните институции, а на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор им препорача да ги ослободат од работа и работни обврски сите вработени на територија на Кочани.

Сите  повредени во несреќата во Кочани се соодветно згрижени и добиваат 24-часовна врвна медицинска нега во земјава и во специјализираните медицински центри во странство. Од вкупно 178 повредени, како што информира вчера Министерството за здрaвство, во јавните здравствени установи во државата се третираат 64 пациенти, кои се во релативно стабилна состојба, во приватните здравствени установи се лекуваат 13 пациенти, а 101 пациент се третираат во странски медицински центри.

Tags: Кочанипогребпожар
Next Post
Фото: David Aguirre/Pixabay

Безбедносен протокол и насоки за етичко известување од погребот на жртвите од Кочани

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk