Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, кој е и претседател на Сојузот на независни социјалдемократи, изјави дека и следната година ќе биде кандидат на таа партија на изборите за прв човек на РС.
Тој додаде дека веќе е одлучено и дека кандидатурата е потврдена.
„Злоупотребата на процесот на ниво на Босна и Херцеговина ќе заврши кога во мај ќе почнеме да избираме нова републиканска изборна комисија и да ги спроведеме изборите на ниво на РС во согласност со нашиот изборен закон“, рече Додик во интервју за белградска „Политика“, пренесоа српските медиуми.
Додик додаде дека „некои во Европа ќе „скокаат“ за ова, но не е важно што мислат за тоа, право на народот е да избере“.
Судот во Сараево неодамна го осуди Додик на една година затвор и шестгодишна забрана од функцијата претседател на РС „за непочитување на одлуката на високиот претставник на меѓународната заедница“.
Д. Т. / Цивил Медиа