ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Хајката против критичката јавност и граѓаните кои бараат објективна вистина за Кочани е обид за замолчување на слободата воопшто!

March 25, 2025 12:31
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Не престануваат реакциите на јавноста за провладината медиумска кампања против неистомислениците во врска со барањето одговорност за кочанската трагедија во која животот го загубија 59 млади лица.

На овие гласови им се придружи и премиерот Христијан Мицкоски кој при посетата на Радовиш изјави дека: „Апсолутно ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев, да го изразат преку демократска алатка, а тоа се протести. Но, не можам никако да ги оправдам оние политички глодари, лешинари, коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава“.

Љубиша Николовски

Љубиша Николовски – новинар и политички аналитичар вели дека хајката против неистомислениците и протестантите кои бараат објективна вистина се обид за замолчување на слободата воопшто.

– Ова е веќе видено сценарио од страна на пропагандната „машинерија“ што Груевски му ја остави во наследство на Мицкоски. Кај овие луѓе постои само омраза кон сите што не се ВМРО ДПМНЕ и тоа ова сегашното. Ним ништо друго не им е важно освен вистината што им ја налага партијата, изјави Николовски за Фронтлајн.

Зоран Бојаровски

Новинарот и политички аналитичар Зоран Бојаровски смета дека ова е веќе видена стратегија на власта и на провладините медиуми, кои, за жал, не успеваат или не сакаат да прифатат дека ставајќи се во улога на некритички бранители на власта, вусшност, го попречуваат процесот на истрагата да биде сеопфатен и неселективен.

– Можеби се работи и за страв за тоа до каде може да дојде истрагата кога би се спроведувала без опструкции и спинови. Апсурдно е да бидете против неселективна и политички неконтаминирана истрага за една ваква трагедија која им донесе страшна загуба на толку семејства и која е исклучително сериозна општествена траума која мора да се оконча со непристрасна и сеопфатна истрага. Тоа го бараат граѓаните кои излегуваат на протести и тоа треба да го добијат. Инаку јавноста не треба да има никакво сомневање дека говорот на омраза и хајката е поттикнуван од владината врхушка, особено онаа што доаѓа од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тука особено ја имам предвид изјавата на премиерот Мицкоски за кој сите оние што мислат различно и што протестираат се глодари и лешинари, вели Бојаровски за Фронтлајн.

Мене, додава нашиот соговорник, ова многу ми личи на манифестација на страв од правдата.

– Не му доликува на политичар избран од народот да промовира толку ниска политичка (не)култура) и со тоа да влијае и врз истрагата и врз јавното мислење, подвлече тој.

Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) – во изјава за „Фронтлајн“ вели дека провладина хајка против неистомислениците не e ништо ново, ништо неочекувано. Според него, тоа е еден центар кој е воспоставен уште од владеењето на Груевски.

Џелал Хоџиќ

– Провладините медиуми се нарекуваат “провладини” само затоа што наместо да бидат гласот на јавноста они одбираат да бидат гласот на партиската пропаганда на владеачките партии. Деновиве на критичните медиуми повторно можеме да читаме за влијанието на авторитарната власт на Орбан врз дел од македонските медиуми. Исто тема која е стара години наназад. Тоа се горе-доле истите медиуми кои патот кон ЕУ го претставија како загрозување на идентиетот на Македонците. Сега врз млади луѓе, кои бараат одговорност од институциите, ќе се обидуваат да им цртаат разни мети и обиди за дескридитација. Тоа се медиуми кои во македонската јавност моделот на авторитарнато и антидемократско владеење на Вучиќ во Србија, со сите антизападни пораки, го претставуваат како државничко однесување. Она што во моментов може да биде ефект од нивната пропаганда врз младите, тоа е да ги разбудат и родителите на овие млади луѓе и нив да ги извадат на улица, како поддршка на своите деца во борбата против системот, вели Хоџиќ.

На граѓанските маршови за одговорност и безбедност пред владата и во неколку градови низ државата илјадници луѓе ja изразија својата тага и револт, и побараа одговорност за трагедијата во Кочани.

Дестан Јонузи

Tags: Владатрагедија во Кочанихајка
Next Post

Миленко Неделковски со шокантна објава: „Смрт“, навреди и дисквалификации кон учесниците на протестите

Најново

Фото: Фронтлајн

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор за смртта на Ивана и Катја

May 7, 2026

Мицкоски со критика до младите и тие што работат сезонски во странство: Не може да плаќате даноци надвор, а тука да барате бесплатно здравство

May 7, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk