Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека власта е секогаш подготвена за предвремени парламентарни избори, доколку опозицијата се согласи. Сепак, тој истакна дека „не е сигурен“ дали целата опозиција навистина ги посакува тие избори.
Дали оваа промена во реториката – од цврстиот став „нема да има предвремени избори“ до сега „подготвени сме“ – е само тактички маневар? Дали станува збор за обид да се пренасочи вниманието од истрагата за трагедијата во Кочани?
– Како и секогаш, понекогаш тежината на ВМРО-ДПМНЕ е голема во гласачкото тело, а не во владеењето. Така било отсекогаш со оваа партија, а неодамнешната трагедија во Кочани ќе смени многу работи. Тоа е затоа што бара соодветна истрага, бидејќи тоа е трагедија без преседан. Колку и да бара власта да ја обвини претходната власт, сепак стигнува до степен оваа власт да сноси подеднаква одговорност. Предвремените избори претходно не беа во плановите на премиерот, но сега изгледа се согласува со нив. Повеќе според мене е дека ВМРО ДПМНЕ веќе не е толку силна како пред 9 месеци. Уште повеќе кога многу работи веќе функционираат против нив и против владата воопшто, која не ги дава резултатите што ги очекуваат граѓаните, изјави за Фронтлајн, Урим Салиу – политички аналитичар.
Поврзано:
Мицкоски се подготвува за предвремени парламентарни избори, или тоа е алиби за оттргнување внимание?