ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Милена Јаневска од „Кој е следен?“: Иницијативата не е поврзана со ниедна политичка партија, бараме одговорност и безбедност

March 28, 2025 08:37
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Милена Јаневска, „Кој е следен?“. Фото: Скриншот од ТВ24

Милена Јаневска, „Кој е следен?“. Фото: Скриншот од ТВ24

Share on FacebookShare on Twitter

Милена Јаневска од иницијативата „Кој е следен?“ во емисијата Аргумент плус на ТВ24 изјави дека главните барања на граѓанското движење се фокусирани на одговорност, транспарентност и безбедност.

Според неа, иницијативата се однесува на сите трагедии што ја потресле Македонија и не е поврзана со ниту една политичка партија.

„Нашите барања се поделени во две категории: одговорност и безбедност. Безбедносните аспекти произлегуваат од случајот во Кочани, а транспарентноста подразбира објавување на сите релевантни документи – од основањето на дискотеката до пожарот. Покрај тоа, имаме и барања поврзани со претходни несреќи, како и мерки за спречување на идни трагедии. Една од нив е дигитална платформа е-инспекторат, каде што ќе бидат достапни сите инспекциски надзори, како и воспоставување централен број за пријавување нерегуларности“, објасни Јаневска.

Во однос на одговорноста, таа нагласи дека истрагата треба да утврди кривична вина, но морална одговорност треба да понесат сите инволвирани во трагедиите. „Нашиот револт е дополнително поттикнат од фактот што пратениците заминаа на одмор во најкритичниот момент за државата“, истакна таа.

Јаневска потенцираше дека иницијативата не е политичка партија и не е поврзана со ниедна. „Работиме на процес кој овозможува поголема транспарентност и филтрирање на намерите на оние што сакаат да се приклучат. Секој кој сака да стане дел од иницијативата пополнува формулар со основни информации и причина за приклучување. Јас лично се приклучив на истиот начин, бидејќи не бев тука кога се случи трагедијата со Фросина. Свесни сме за етикетирањата и обидите да се дискредитираат нашите чисти намери, но нашата цел е притисок врз надлежните, бидејќи досега не видовме конкретни резултати. Досега немавме контакт со институциите, ниту тие нè контактирале, ниту пак ние нив“, заклучи Јаневска.

Иницијативата „Кој е следен?“ в сабота од 11 часот иницира настан пред македонското Собрание.

„Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме“, се наведува во објавата на Инстаграм, на „Кој е следен?“.

Како што велат тие, собирот пред Собрание е поради тоа што имаат „барања што не може да чекаат и затоа што демократијата не оди на одмор“.

Оттаму истакнуваат дека настанот ќе биде поделен во 2 дела:

1. Презентирање на барањата, во првиот дел ,,Кој е следен?” ќе ги презентира своите барања во целост;
2. Микрофонот е отворен за секој граѓанин кој сака да го изнесе своето мислење околу барањата, или да сподели генерален став за моменталната состојба.

„Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш — подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик!“, наведуваат од Иницијативата „Кој е следен?“.

Ј. Ѓ.

Поврзано:

Иницијативата „Кој е следен?“ на 29-ти март пред Собрание

 

Tags: Кој е следен?Милена Јаневска
Next Post

Над 25 детски филмови достапни онлајн преку платформата „Cinesquare“

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Папата Лав Четиринаесетти бара прекин на насилството во Судан и Танзанија

November 2, 2025
Фото: OpenAI

Што знаеме за Атлас – новиот веб-прелистувач на ChatGPT

November 2, 2025
Скриншот

Џенифер Лоренс: Славните не менуваат ништо – можеби е време да замолчам за Трамп

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk